Забава
Лесно ги празнат картичките: три хороскопски знаци кои претеруваат со трошењето пари
Повеќето од нас сигурно познаваат неколку луѓе кои лесно ги „пеглаат“ картичките, а можеби и нивните хороскопски знаци се виновни. Луѓето родени во овие три хороскопски знаци прекумерно трошат.
Водолија
Овие љубопитни знаци сакаат да го истражуваат светот и да пробуваат нови работи, без разлика на цената. Нивната отвореност за нови искуства често може да ги доведе до импулсивно трошење бидејќи тие секогаш се подготвени да пробаат нешто ново, дури и ако тоа ќе има негативно влијание врз нивниот паричник.
Риба
Рибите се познати по нивната емпатија и сочувство, но кога станува збор за трошење пари, нивната слабост може да биде нивната способност да сочувствуваат. Рибите често трошат пари за помош на други или на уметнички и креативни проекти, но во исто време ги занемаруваат сопствените финансиски потреби. Нивната склоност да се губат во светот на имагинацијата и емоциите може да ги доведе до неконтролирано консумирање.
Близнаци
Близнаците често можат да бидат жртви на импулсивно купување. Нивната љубопитност и желба за експериментирање може да ги наведат да трошат пари на работи што имаат краткорочна вредност или дури и на бескорисни работи што подоцна не ги користат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Двегодишно дете до совршенство го имитира настапот на евровизискиот претставник на Хрватска
Хрватскиот претставник на Евровизија, Бејби Лазања, важи за еден од фаворитите на финалето што треба да се одржи вечерва, па во Хрватска вечерва владее еуфорија и возбуда во исчекување на победа.
Во моштвото евровизиски видеа кои деновиве доаѓаат од таа држава, едно особено се издвојува.
Се работи за две и пол годишно дете кое до совршенство го имитира настапот на Бејби Лазања во градинка во Сплит.
@eurovision24_7 this is the cutest video I’ve ever seen ❤️ @The Baby Lasagna Official #foryou #fyp #eurovision #croatia #babylasagna #viraltiktok ♬ originalljud – ESC 2024
Видеото му се допадна и на Бејби Лазања, a медиумите во Хрватска напишаа: „Ѕвездата е родена!“.
Забава
Се појавија фотографии од ирската претставничка на Евровизија без шминка и рогови, луѓето коментираат колку е убава
Евровизија 2024 ја одбележаа бројни скандали и поради дисквалификацијата на претставникот на Холандија, а сите постојано ја коментираат овогодинешната претставничка на Ирска, Бамбија Туг.
Сега на Твитер кружи видео од прес-конференцијата од првата полуфинална вечер на Евровизија 2024, каде Бамби за време на разговор со новинарите рече: „Да се биде квир и да се биде вештерка ме прави посебна личност“.
This is Bambie Thug, the Irish delegate for the Eurovision competition.
She uses they/them pronouns and describes herself as a “goth gremlin goblin witch.” Why don’t we have talent like this in the US? pic.twitter.com/maFeeJEKR7
— Dr. Jebra Faushay (@JebraFaushay) May 8, 2024
Исто така, се појавија фотографија од претставничката без шминка, а огромниот контраст ги изненади сите кои коментираат дека е многу убава.
Бамби Реј Робинсон е родена како жена, но се идентификува како „небинарна“ личност и претпочита да ја користи заменката „тоа“, наместо „таа“.
Забава
Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија по инцидент што пејачот го предизвикал зад сцената
Холандскиот пејач Јост Клајн е дисквалификуван од Евровизија по инцидент зад сцената.
Изведувачот нема да пее на денешното финале на Евровизија, откако членка на продуцентската екипа до шведската полицја изнесе наводи за заплашување.
„Не би било соодветно да го продолжи натпреварот додека трае истрагата“, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организатор на Евровизија.
„Сакаме јасно да ставиме до знаење дека, спротивно на некои медиумски извештаи и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не се вклучени други изведувачи или членови на делегацијата“, се додава во соопштението.
ЕБУ вели дека инсистира на политика на нулта толеранција за какво било несоодветно однесување и е посветена на безбедна и сигурна работна средина за сите што учествуваат на натпреварот.
Во овој поглед, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за кршење на правилата на натпреварувањето, додаваат од ЕБУ.
Клајн беше меѓу фаворитите за победа.
Исклучувањето на Холандија значи дека во финалето нема да има 26, туку 25 земји.