Забава
Морбидна реклама со автомобилот во кој загина принцезата Дијана ја згрози јавноста
Француската организација ADMD, која се залага за евтаназија, сподели на социјалните мрежи постер кој ја пресоздава ужасната сцена во парискиот тунел од 1997 година, каде што загина принцезата Дијана.
„Дијана не ја избра својата смрт. Во 2024 година треба да можеме да избираме“, е описот под огласот што ја згрози јавноста. Ова веднаш предизвика широкораспространета осуда, при што пријателите на покојната принцеза и политичарите ја опишаа рекламата како „подла, одвратна и гнасна“.
Бароницата Роза Монктон, која беше блиска пријателка на принцезата, ја осуди кампањата, велејќи дека е сурова, бесчувствителна и опортунистичка.
„Дијана беше експлоатирана во текот на животот, а сега од ниски мотиви се искористува нејзината смрт“, рече таа, според „Дејли мејл“.
Кенсингтонската палата го изрази својот гнев и вознемиреност што нејзината трагична сообраќајна несреќа била искористена во објавен оглас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Шпанскиот суд ја отфрли втората тужба против Шакира за даноците
Шпанскиот суд во четвртокот ја отфрли даночната истрага против колумбиската поп-ѕвезда Шакира, откако обвинителите одлучија да не покренуваат обвиненија.
Шакира се согласи на спогодба минатата година за да избегне судење во Барселона под обвинение дека не и платила на Шпанија 14,5 милиони евра данок на приход од 2012 до 2014 година. Таа, исто така, се соочи со втора истрага за наводна измама на приход и данок на имот во 2018 година.
Судот во градот Есплугес де Лобрегат, во близина на Барселона, објасни дека нема докази за поддршка на тврдењето на обвинителот дека Шакира „свесно и доброволно ги испуштила информациите и документацијата“ при подготовката на нејзината даночна пријава за 2018 година.
Пејачката, која има продадено милиони албуми ширум светот, живееше со поранешната шпанска фудбалска ѕвезда Жерар Пике 11 години и заедно имаат две деца. По разделбата се пресели во Мајами.
Забава
(Видео) Хејли Бибер бремена: го покажа стомакот во венчаницата, Џастин пресреќен
Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли го очекуваат своето прво дете.
По бројните шпекулации за бременоста на манекенката, тие ја споделија радосната вест на своите социјални мрежи, а потоа и нивните претставници на медиумите ја потврдија веста и изјавија дека манекенката е во шестиот месец од бременоста, пишува „Пипл“.
Двојката сподели видео од нив како ги обновуваат заветите и ја споделија својата бременост со светот. Хејли носи долг, чипкаст бел фустан и вел, истакнувајќи го нејзиниот труднички стомак.
Парот се венча во септември 2018 година во Њујорк само два месеци по свршувачката. Подоцна, тие славеа со семејството и пријателите.
Забава
(Видео) Прашањето што ја збуни Израелката на прес-конференцијата по Евровизија: „Не мора да одговарате ако не сакате“
Откако беше објавено кои десет земји одат во финалето на Евровизија, се одржа прес-конференција на која беа поставувани прашања и за Израелката Еден Голан, која во финалето отиде со песната „Ураган“.
Новинар од Полска доби шанса да и постави прашање на претставничката на Израел – „Дали некогаш сте помислиле дека бидејќи сте тука ги загрозувате другите учесници и јавноста?
Водителот на прес-конференцијата веднаш рече дека „не мора да одговара ако не сака“.
„А зошто да не“, искоментираа неколку новинари.
Еден Голан прво застана, а потоа одлучи да одговори на прашањето.
„Мислам дека сите сме тука поради една причина, ЕБУ ги презеде сите мерки да го направи ова натпреварување безбедно за сите нас. Мислам дека е безбедно за сите, инаку немаше да бидеме тука“, изјави Еден Голан на прес-конференцијата.