Македонија
„Институциите го игнорираат прашањето за внатрешно раселените лица од војната во 2001 година“, велат од партијата Левица
„Во месец декември, Секторот за политички систем при политичката партија Левица го актуелизираше прашањето за над 70.000 внатрешно раселени лица од страна на терористичката УЧК во воениот конфликт во 2001 година и поднесе Жалба на неодговореното Барање за информации од јавен карактер од страна на Министерството на Артан Груби“, соопшти партијата Левица.
„Поднесената жалба беше усвоена од страна на Агенцијата за информации од јавен карактер со која се наложува Министерството да одговори во законски дадениот рок од две недели. Ова наложување, Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците не го испочитува, бидејќи за Артан Груби не важат закони.
За ова непостапување од страна на Министерството на Груби, како и целокупната документација, беа испратени до: вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, како и до сите останати релевантни државни институции, меѓународни и локални НВО, кои се занимаваат во областа на човековите права, како и нашите до „стратешки партнери“: Европската Унија, како и релевантните амбасади, кои даваат безрезервна поддршка на необалистите од ДУИ.
По испратениот маил со сите информации, народниот правобранител отвори претставка против Министерството. Одговор не добивме, ниту од вицепремиерката Славица Грковска, ниту од „загрижените“ невладини организации, кои постојано говорат за „граѓански права“, ниту од „демократската“ ЕУ, која постојано говори дека е загрижена за човековите права во Македонија, додека дава поддршка на најголемите прекршители на истите.
Оттука се поставуваат прашањата: Зошто никој не презема одговорност за уништениот живот на огромниот број семејства и дали е еден граѓанин принуден да тужи, за да ги оствари своите уставно загарантирани права?“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

