Македонија
Михаилоски: Загарантиран универзален приход со кој ќе се јакне финансиската независност на младите
Плата за живот, грижа за менталното здравје на младите, министерство за млади, општество без корупција, достоинствено домување – ова се дел од таргетите што младината на Социјалдемократскиот сојуз ги постави како клучни стожери во манифестот, што го презентираа денес и за што отворија јавна дебата со граѓанските организации, меѓународни организации и фондации, универзитетските и факултетските собранија, студенти и политички подмладоци.
Денеска во просторииите на Културно Социјалниот Простор – КСП Јадро се одржа промоција на Манифестот на Социјалдемократската младина на Македонија – СДММ. На настанот присуствуваа претставници на граѓанските организации, меѓународните организации и фондации, универзитетските и факултетските собранија, студенти и политички подмладоци. Процесот на креирање на овој стратешки документ на СДММ беше поддржан од германската фондација Фридрих Еберт Штифтунг – Канцеларија во Скопје.

На настанот беше промовирана финална отворена верзија на манифестот, а преку отворена и водена дискусија беа собрани дополнителни насоки и перспективи од учесниците, кои ќе бидат инкорпорирани во завршниот документ.
Инаку, процесот на креирање на овој манифест траеше неколку месеци, каде млади поделени во 10 групи од различни области имаа можност директно да учествуваат во предлозите, идеите и заложбите заедно со ментори од граѓанскиот сектор, експерти и политичари.

Свое обраќање имаше претседателот на СДММ, кој воедно и го презентира манифестот:
„Манифестот на Социјалдемократската младина на Македонија претставува клучен стратешки документ, кој јасно ги покажува нашите заложби, перспективи и замисли за тоа во каква држава сакаме да живееме. Документот претставува заложба за безусловно почитување на човековите права за сите граѓани, за еднакви можности за квалитетен и достоинствен живот и просперитет, за борба за достапни квалитетни јавни услуги и сервиси за граѓаните – домување, здравство, образование, транспорт, кои мора да бидат универзално достапни за сите граѓани, а не само за оние со највисоки примања. Сите препораки кои произлегоа од денешната дискусија со граѓанскиот сектор, студентските претставнички тела и меѓународните организации ќе бидат инкорпорирани во финалниот текст на овој манифест. Продолжуваме да работиме на создавање поинклузивно, посолидарно и поеднакво општество за нас, но и за генерациите што доаѓаат по нас“, изјави Марко Михаилоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

