Македонија
„Во сите анкети ДУИ и Бујар Османи се апсолутни победници“, вели Демократската унија за интеграција

„Демократската унија за интеграција ќе биде апсолутен победник во албанското гласачко тело на Северна Македонија. Вака велат сите анкети што ги реализирале релевантните агенции во земјава, каде што ДУИ убедливо излегува пред албанската опозиција“, соопшти ДУИ.
„За Демократската унија за интеграција, споредено со месец февруари, најновото истражување на Институтот за политички истражувања(ИПИС) покажува дека во март – поддршката за ДУИ е зголемена на 6,3 отсто.
Во противна насока се движи опозицијата, поточно со опозициската коалиција Вреди. Од 4,6% во февруари, во март поддршката за опозицијата падна на 4,4%.
Не само на републичко ниво, туку и посебно во секоја изборна единица, Демократската унија за интеграција е апсолутен победник. Во овој случај, резултатите од анкетите покажуваат дека Европскиот фронт и коалицијата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ќе имаат двојно поголем број пратеници во Собранието на РСМ наспроти албанската опозиција.
Демократската унија за интеграција оценува дека кампањата на идниот претседател, Бујар Османи и на Изборниот штаб ќе ги постават новите европски стандарди во Северна Македонија, додека напорите за обезвреднување на кое било достигнување на земјата ќе бидат победени на 24-ти април и 8-ми мај, кога граѓаните ќе се постројат со европската иднина на државата“, се додава во соопштението на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.