Македонија
Пролетна акција за уништување глодачи, инсекти и заштита од заразни болести во Центар

Општина Центар почна со редовна пролетна дератизација на целата територија. Во наредните две недели ќе бидат опфатени и дератизирани две илјади шахти, со цел уништување штетни глодачи, инсекти и превенција од заразни болести.
Дератизација во Центар се врши двапати годишно, во пролетниот и во есенскиот период, и ова е една од општите мерки што Општината ги презема за заштита на населението од заразни болести.
Општина Центар ги известува граѓаните дека препаратот што се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодачите. Издаден е со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија за употреба во јавната хигиена и не претставува опасност за другиот животински свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Карпош и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од Карпош и Аеродром.
Во периодот од 06.00 до 16.00 часот, бес струја ќе останат дел од корисниците лоцирани кај викенд населбата во Бардовци. (општина Карпош), а во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од село Долно Лисиче лоцирани на потегот од Чатал кон Јурумлери. (општина Аеродром).
Македонија
Поради протест, денеска и утре ќе биде блокиран булеварот Илинден

Независниот синдикат при ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје најави протест поради неисполнети обврски кон вработените.
Во соопштението до јавноста, синдикатот информира дека протестот ќе се одржи денеска и утре во период од 09:30 до 11:00 часот, при што ќе биде блокиран просторот кај семафорот на раскрсницата на бул. „Илинденска“ со ул. „Никола Тесла“. Протестот ќе заврши пред дирекцијата на ЈП „Паркови и зеленило“.
Синдикатот наведува дека протестот се организира согласно законските прописи и колективниот договор, со кој се утврдени правата на вработените за плата, регрес, јубилејни награди, новогодишен додаток и отпремнини.
Барањата на синдикатот се: исплата на платата за август за фирмите „Флораком ДООЕЛ“ и „Луна ДООЕЛ“, исплата на К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работниците со престанат работен однос.
Македонија
Почнува грејната сезона

АД ЕСМ информира дека од денеска, 2 октомври, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје.
Иако грејната сезона официјално почнува на 15 октомври, регулативата предвидува почеток и порано доколку прогнозата за средна дневна температура е еднаква или пониска од 12˚C. Според Управата за хидрометеоролошки работи, за денеска е најавена средна температура од 10˚C, со што се исполнети условите за производство и испорака на топлинска енергија.
До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува дали има услови за испорака на топлинска енергија за наредниот ден.
Од компанијата апелираат до корисниците да ги завршат потребните поправки на внатрешните грејни инсталации, а заедниците на сопственици да обезбедат пристап до потстаниците, редовно електрично напојување и платени сметки за струја. Завршените интервенции треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.
Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на затворени објекти без услови за испорака на топлина на линкот „Затворени објекти – ЕСМ Снабдување“.