Црна хроника
Кривична пријава против скопјанец за фалсификување исправа

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал – Одделение за корупција и фалсификати поднесе кривична пријава против 55-годишниот И.Д. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик, извести МВР.
„Пријавениот, во својство на наводно ополномоштено лице од друго лице, кое било починато, да може да управува патничко возило на подрачјето на државата и надвор од неа и да може да ги презема сите потребни работи врзани за регистрација и отуѓување на возилото, без валидно полномошно заверено кај нотар, на 17.05.2023 со лажно прикажување на факти се обидел да склучи договор за купопродажба на возилото пред нотар за да може да го присвои“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Бегалец од затворот во Охрид уапсен во Куманово

Ноќеска во 01:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 20-годишниот З.М. од Струга, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од затвор.
Тој бил осуден на една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување една година од казната.
Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за доиздржување на казната.
Топ
Едно лице избодено со нож пред стоковна куќа „Мост“ во Скопје, напаѓачот е уапсен

Едно лице е избодено со нож пред поранешната стоковна куќа „Мост“ во Скопје, а полицијата го уапси напаѓачот.
Според информациите на МВР, вчера вечер во 22:05 часот на плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Д.С.(23) од Скопје.
Тој се сомничи дека непосредно пред тоа во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ и на бул.„Гоце Делчев“ под Стоковната куќа „Мост“ физички го нападнал Т.К.(33) од с.Долно Соње, општина Сопиште, при што употребил нож и му нанел убодни рани.
Ножот бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Видео) Уапсен скопјанец, пронајдена е дрога во неговиот дом

На 7 октомври, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај М.Ј (40) од Скопје.
При претресот пронајдени се две полиетиленски кесички со амфетамин, пет шишиња со течен амфетамин и компоненти за производство на амфетамин, дигитална вага со траги од кокаин и други прекурсори за производство на амфетамин.
Лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена Кривична пријава.