Македонија
Штабот на Пендаровски: Трет ден молк од Николоски дали донирал барем 1 денар од неговата 78% зголемена плата

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски веќе трет ден молчи и не одговара дали некому донирал барем еден денар откако добива за 78% поголема плата, велат во соопштение од изборниот штаб на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
– Николоски три дена не се охрабри ниту да одговори дали знае дали кој било пратеник на ВМРО- ДПМНЕ, градоначалник на ДПМНЕ или директор на јавно претпријатие од редовите на неговата партија имаат донирано дел од својата плата од моментот кога им е зголемена за 78%, колку и кому, – се вели во соопштенито.
Од изборниот штаб на Пендаровски прашуваат: Дали молкот на Николоски значи дека тој ниту донирал, ниту планира да донира дел од својата плата? Дали со молкот Николоски ги штити и своите колеги пратеници и останатите сопартијци, кои месеци наназад земаат огромни плати и не сакаат да помогнат никому донирајќи дел од примањата?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.