Македонија
ЦУК: Во последното деноноќие 2.113 повици на 112, а имало и 10 пожари на отворено

Во последното деноноќие имало вкупно 2.113 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ биле 50,69 отсто повици, а 49,31 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици кон Полиција биле упатени 68,69 отсто, кон Итната медицинска помош 24,6, а кон пожарникарите 4,15 отсто, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Имало и 1.050 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,56 отсто и на 49,31 отсто именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи, велат од ЦУК.
Нагласуваат дека во последното деноноќие има регистрирано 10 пожари на отворено, што се пријавени и документирани во ЦУК.
Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, во изминатото деноноќие имале пет помали интервенции за гаснење запалено ѓубриште и отпаден материјал во село Арачиново кај улицата „Бојмија“, населба „Ергеле“ кај улицата „Перо Наков“ и кај село Усје. Во сите случаи интервенирале со едно ПП возило и три пожарникари.
Регионалниот ЦУК Охрид информира дека пожарникарите од ТППЕ Охрид од 10.00 до 12.00 часот со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Песочани (Општина Охрид).
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во изминатото деноноќие имало една помала противпожарна интервенција.
Регионалниот ЦУК Велес информира дека пожарникарите од ТППЕ Велес од 12.00 до 16.30 часот гаснеле шумски пожар на нискостеблеста деградирана шума во атарот на село Горно Врановци, при што интервенирале четири вработени од ЈП „Национални Шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес. Изгорена била површина од околу 8 хектари (Општина Чашка).
Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Берово од 12.10 до 14.00 часот со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле ниска вегетација во атарот на село Митрашинци (Општина Берово).
Регионалниот ЦУК Куманово информира дека пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка, во период од 11.45 до 13.15 часот со три пожарникари и едно ПП возило, гаснеле запалена дабова шума и ниска вегетација во село Конопница.
-Пожарникарите паралелно со пожарите на отворено гаснеле и пожари во населени места, на територија на целата држава, посочуваат од ЦУК и апелираат да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК повторно ќе го тестира системот за масовни известувања на граѓаните

Во текот на попладневните часови граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките можности за испраќање масовни известувања и аларми во случаи на кризни состојби, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од таму појаснуваат дека станува збор за систем кој овозможува итни пораки да бидат испратени до сите корисници на мобилни телефони што се наоѓаат во одредена географска област, без разлика на мобилниот оператор. Целта е навремено и ефикасно информирање на населението при пожари, поплави, земјотреси, опасни временски појави или други вонредни ситуации.
Од ЦУК велат дека воспоставувањето на овој систем е национална потреба и воедно законска обврска согласно регулативите на Европската Унија, кои бараат сите земји да располагаат со механизам за масовно информирање и алармирање на граѓаните во услови на криза.
Македонија
Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

Во рок од само 45 дена и за рекордно време се реализирани над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем.
До овој момент, во рамките на процесот се спроведени над 1.700 тестирања, изјави министерот за здравство.
„Ова е значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време во здравствениот сектор – дополнителна мотивација, конечно решен статус на сите овие лица кои со години немаа сигурност, здравствено осигурување, формален работен однос и беа под континуиран стрес. Сега, со овој чекор, добија достоинствено место во системот“, рече Алиу.
Со оваа кадровска стабилизација, Министерството за здравство, како што рече, испраќа силна порака за континуирана грижа и вложување во човечкиот капитал, како предуслов за подобри здравствени услуги за сите граѓани.
Македонија
(Видео) Брутална партизација на образованието пред избори, Јанеска и ВМРО-ДПМНЕ го претворија Инспекторатот во партиски штаб, велат од СДСМ

Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието пред изборите.
Во очи на распишување на локалните избори, гледаме масовни незаконски огласи за вработување и напредувања само по партиска линија, за вдомување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Државниот просветен инспекторат, под диригенство на Јаневска, станува партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, истакна на прес-конфренеција Јованче Манасков, од СДСМ.
„Според информациите кои ни ги доставија свиркачи: Соња Зашоска, советничка во Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде унапредена во раководител на одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитет. Таа е истата инспекторка која го заштити Бојан Христовски од АНБ и неговото незаконски стекнато образование. Дали ова е награда за неа?
Понатаму, Валерија Анастасова, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, според истите информации од свиркачите, ќе биде унапредена во раководител на сектор за стручно-административни работи.
Христина Јованоска, сегашен инспектор, ќе биде поставена за помошник главен инспектор.
Јане Николоски, исто така кадар на ДПМНЕ, ќе биде назначен за помошник раководител на сектор за односи со јавност и превод“.
Паралелно со ова, информира Манасков, се распишал јавен оглас за нови вработувања во инспекторатот, исто така, како што рече, по партиска линија.
Оцени дека партизацијата на образованието е брутална, на сите можни нивоа и со незаконски огласи за вработувања.
Како што наведен, само во последните неколку дена, распишани се незаконски огласи за вкупно 123 работни места, наводно, како што вели, за образовни асистенти во училишта кои не се трансферирани во ресурсни центри.
Според него, огласите се незаконски затоа што, според Законот за средно образование, само такви установи можат да вработуваат образовни асистенти.
„Интервјуата за дел од огласите започнале уште пред да истече рокот за пријавување. Постапките биле координирани од директорот на „Искра“, Марјан Арсов, од странство преку приватна Viber група“.
Од СДСМ бараат: Итно да се поништат „срамните огласи и незаконски унапредувања. Да се разрешат сите директори кои спровеле незаконска постапка.Да се запрат партиските вработувања и унапредувања.
„Ова е срам за образованието, срам за институциите, срам за државата. Наместо квалитет и независност, добиваме партиска приватизација на институциите, на штета на учениците, наставниците и сите граѓани.