Македонија
Чеботарева-Николова: СДСМ овозможи зголемување на платите за 55% на наставниците

За разлика од празните и нереелни ветувања на ДПМНЕ за само одредена категорија наставен кадар, Владата предводена од СДСМ потпиша колективен договор со УКИМ, а во следниот период и со останатите Универзитети за зголемување на платите. Минатата недела се донесоа и измени на законот за високото образование со кои се уредува платата на вработените во јавните високообразовни установи. СДСМ за шест години овозможи зголемување на платите за 55 % на наставниците и за првпат по речиси 20 години конечно наставниците добија регрес за годишен одмор, кој од следната година ќе биде 30% од просечната плата, рече на денешната прес конференција Ксенија Чеботарева -Николова, членка на Комисија за образование и наука на СДСМ.
Според неа, фактичката состојба покажува дека политиките на СДСМ успешно се спроведуваат и низ училиштата има повеќе од 250 наставници кои се стекнале со звање наставник-ментор.
– СДСМ го укина екстерното тестирање и ја намали административната работа на наставниците оставајќи простор за нивна автономија во организација и реализација на наставниот час и времето поминато во училиште. Овозможивме и развивање на професионалните компетенции на разни теми кои се од големо значење за унапредување на квалитетот на образовниот процес, рече Чеботарева -Николова.
Веќе од оваа 2024 година СДСМ реализира отворање на 5 Регионални центри за средно стручно образование и тоа во Струмица, Велес, Охрид, Куманово и Тетово. Во перидоот до 2025 година истите ќе бидат комплетно опремени за целосно и непречено функционирање, рече Чеботарева -Николова и додаде дека СДСМ веќе има обезбедено студентски стипендии и истите неколкупати беа зголемени во изминатиот период. Особено повисоки стипендии се доделуваат на студентите кои се запишале на дефицитарните наставнички факултети, рече таа.
– Само во академската 2023/2024, се доделени 30 стипендии за студенти запишани на студиски програми за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, 500 стипендии за студенти на студиски програми на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки, 130 стипендии за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика. За истата академска година се распиша конкурс за доделување на 1740 стипендии за редовни студенти од социјални категории запишани на додипломски студии на јавните универзитети и високообразовни установи, рече Чеботарева -Николова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).