Регион
Марија Габриел од ГЕРБ го враќа мандатот, повторно избори во Бугарија

Марија Габриел од ГЕРБ која требаше да ја состави новата влада на Бугарија денеска најави дека утре ќе му го врати мандатот на претседателот Румен Радев. Неуспехот на Габриел да формира влада ја води Бугарија во нови избори.
– Утре ќе поднесам известување дека ја повлекувам мојата кандидатура за премиерка. Партијата ГЕРБ нема да учествува во преговори за втор мандат, рече мандатарката Марија Габриел. Таа додаде дека можно е да се најдат заеднички точки за коалициска влада, но дека сепак е подобро на нив да се навратат по уште едни избори.
Марија Габриел најави дека ќе остане вицепремиер и министерка за надворешни работи се до формирање на новиот состав на бугарскиот парламент и потоа новата влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.