Забава
Шенон Доерти: Морбидната љубопитност и теориите на заговор ја натераа Кејт да објави дека има рак
Шенон Доерти остро ги критикува теоретичарите на заговор, кои деновиве имаа многу да кажат за Кејт Мидлтон и нејзиното исчезнување од очите на јавноста.
Ѕвездата од Беверли Хилс, која и самата се бори со ракот, ѝ изрази поддршка на принцезата. „Да се биде јавна личност, не значи дека јавноста ја поседува таа личност. Сите имаме право да поминеме низ болест или живот приватно“, почна Шенен.

„Нападот на теории на заговор и морбидна љубопитност ја натераа оваа личност да излезе пред да се помири со тоа и да им објасни на своите деца“, продолжи таа.
„Се молам дека ова е момент од кој ќе научиме да ја почитуваме приватноста на другите, без разлика дали се јавни личности“, додаде актерката, а потоа ѝ испратила порака на принцезата.

„Кејт, се восхитувам на твојата сила да ги издржиш бескрајните напади додека проаѓаш низ болеста“, вели актерката, која неодамна изјави дека резултатите од нејзиниот третман против ракот ѝ дале надеж за иднината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Се одложува концертот на Божо Вреќо во Македонската филхармонија
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини.
Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум.
Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде што билетите биле купени, вклучувајќи ја и онлајн-платформата karti.com.mk.
Забава
Влатко Лозаноски со мегашоу: „Километри љубов“ на 7 март во арената „Борис Трајковски“
Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.
„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“, вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски“.
Картите за настанот се веќе во продажба. Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на kupikarta.com.
Забава
(Фото) Крие магија под капутот: една од најубавите жени во најкраткото фустанче досега
Актерката Ања Тејлор Џој се појави на настан во Њујорк организиран од „Тифани и ко.“ и ги потсети сите зошто баш таа е избрана за најубава жена на светот.
Русокосата убавица за овој настан избра краток бел фустан, со асиметричен топ и висока јака, што му даде на целиот моден изглед доза драма.

Но, и покрај сето тоа, нејзините долги нозе беа во преден план, па нема некој кој не ѝ обрна внимание на Ања кога се појави пред фотографите.

За дополнително да го нагласи својот изглед и шминката, Ања ја исправи косата и ја собра во пунџа, а белиот фустан го спои со едноставни потпетици во иста боја. Преку него носеше преголем капут, исто така во бела боја, кој од сите детали имаше само ремен за да ја нагласи половината.

И тоа беше доволно Ања Тејлор Џој да биде главна тема уште од првиот чекор.
фото: принтскрин

