Забава
„Имајте сочувство, таа ја знае вистината“: мајката на принцезата Кејт очајна поради болеста на ќерка си
Не престануваат реакциите на објавата на принцезата Кејт дека има рак и дека моментно е на хемотерапија.
Принцезата добила стотици илјади пораки за поддршка, но интернетот нема милост – теориите на заговор за Кејт не престануваат, а најавите за нејзината болест стануваат сè побрутални. Мајка ѝ Керол Мидлтон, пишуваат британските медиуми, е очајна поради здравствената состојба на својата ќерка.
Керол Мидлтон беше особено потресена од видеопораката што Кејт ја сними и објави во петокот. Новинарите во Велика Британија повикуваат на сочувство за мајката на принцезата, која во моментот поминува неверојатно тешко време.
Кралскиот експерт Џени Бонд ја повика јавноста да покаже сочувство за очајната мајка на принцезата, која ја знае вистинската природа на болеста и мора да гледа секој ден како теоретичарите на заговор ги пишуваат најсуровите работи за нејзината болна ќерка.
„Во овие моменти треба да размислуваме за уште една мајка, Керол Мидлтон. Кетрин можеби има 42 години, но сепак е нејзина ќерка. Многу е вознемирувачки да се гледа ќерка која се бори со ракот и е малтретирана на интернет секој ден“, рече Бонд за „Мирор“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Северина објави видео од нејзината мајка Ана во Арена Загреб: „Уште сум твоето мало девојче“
Северина објави видео од нејзината мајка Ана на еден од нејзините два концерта во Арена Загреб. Таа ја посвети песната „Далматинка“ на својата мајка, која пееше заедно со својата ќерка од трибините, заедно со еден пријател.
„[На мајка ми] јас бев твоето мало девојче… и сѐ уште сум“, напиша Северина покрај видеото.
„Толку сум среќна што синоќа го забележав овој момент на гордата мајка на Северина што не можам да ви опишам. Жената што роди легенда, не само музичка, туку и борец во приватниот живот, како и борец за вистината, правдата и човековите права, ја гледа својата ќерка во преполната Арена која неколку моменти претходно ѝ ја посвети оваа песна. Трогателен момент“, напиша претходно Ника Паиќ, авторката на снимката.
фото: принтскрин
Забава
Се одложува концертот на Божо Вреќо во Македонската филхармонија
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини.
Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум.
Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде што билетите биле купени, вклучувајќи ја и онлајн-платформата karti.com.mk.
Забава
Влатко Лозаноски со мегашоу: „Километри љубов“ на 7 март во арената „Борис Трајковски“
Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.
„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“, вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски“.
Картите за настанот се веќе во продажба. Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на kupikarta.com.

