Свет
Убиена најмладата еквадорска градоначалничка
Најмладата градоначалничка во Еквадор, Брижит Гарсија (27), и вработена во градот била пронајдена убиена во автомобил вчера рано наутро, соопшти еквадорската полиција. Властите на таа јужноамериканска земја ја обвинуваат трговијата со дрога за бранот насилства во земјата, пишува „Ројтерс“.
Националната полиција соопшти дека ја истражува смртта на 27-годишната градоначалничка на Сан Висенте и Жаир Лоор, нејзиниот директор за комуникации, откако нивните тела биле откриени во провинцијата Манаби. Двајцата биле застрелани, соопшти полицијата.
Подоцна вчера, полицијата соопшти дека пукањето дошло од изнајмен автомобил и дека го следеле ГПС-системот на возилото. Гарсија беше во партијата Движење на граѓанската револуција на поранешниот претседател Рафаел Кореа.
Кореа и Луиза Гонзалес, претседателски кандидат на партијата на неодамнешните избори, убиството на Гарсија го нарекоа атентат. „Само што дознав дека ја убиле нашата колешка, градоначалничката на Сан Висенте, Брижит Гарсија“, објави Гонзалес на „Икс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ердоган: Раиси беше вреден колега и брат
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, нагласувајќи дека Турција стои во солидарност со Иран.
Ердоган на платформата Х напиша дека се сеќава на Раиси со почит и благодарност, наведувајќи дека иранскиот претседател вложил напори за мир во Иран и регионот.
„Турција стои покрај Иран во ова тешко време“, рече Ердоган, нарекувајќи го Раиси „вреден колега и брат“.
Покрај Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, идентификувани се уште три лица кои загинаа во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.
Убиени се имамот во градот Табриз, ајатолахот Мохамад Али Ал-е Хашем, началникот на иранската провинција Источен Азербејџан, генерал Малек Рахмати и командантот на единицата за заштита на претседателот, Сардар Сејед Мехди Мусави.
Загинаа и одреден број телохранители и екипаж на хеликоптер кои се уште не се идентификувани.
Свет
(Видео) Последната снимка на Раиси од хеликоптерот на смртта
Иранската агенција Тасним објави фотографија, а на социјалните мрежи е објавено и видео на кое се гледа иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерот во кој доживеа фатална несреќа.
President Raisi's last video
— Huma Zehra (@HumaZhr) May 19, 2024
Иранските медиуми објавија и фотографија обезбедена од новинската агенција на Исламската Република ИРНА, на која хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси полета кон иранската граница со Азербејџан откако претседателот Раиси и неговиот азербејџански колега Илхам Алиев ја отворија браната Киз Каласи.
Претседателот Ебрахим Раиси загина заедно со министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир-Абдолахиан во хеликоптерска несреќа во неделата во оддалечениот северозапад на земјата, потврдија државните медиуми.
BREAKING: RESCUERS HAVE REACHED THE CRASH SITE OF THE PRESIDENT OF IRAN RAISI
“The presence of the rescue team at the crash site of the helicopter carrying the president
Additional and Unfortunately, there is a possibility of martyrdom of all the passengers of the helicopter.“ pic.twitter.com/4whDrc3iHZ
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) May 20, 2024
Објавена е и снимка од остатоци од хеликоптер во планински дел на Иран.
Загубата на Раиси – конзервативен тврдокорен и штитеник на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи – се очекува да посее дополнителна неизвесност во земја која веќе е под голем економски и политички притисок, со тензии со блискиот Израел.
Свет
Иранскиот потпретседател ја презема функцијата претседател, има 50 дена да организира избори
Како што се очекуваше, иранскиот потпретседател Мохамад Мокбер привремено ќе ја преземе администрацијата на земјата, потврди врховниот лидер Али Хамнеи.
Мохамед Мокбер ќе има 50 дена да организира нови избори во соработка со шефовите на судската и законодавната власт, додаде Хамнеи.
Иран, исто така, ќе прогласи петдневна национална жалост по смртта на претседателот Ебрахим Раиси и неговиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.
Во посебна изјава објавена од иранската државна новинска агенција ИРНА се вели дека владата одлучила Али Багери Кани, кој беше заменик министер во Министерството за надворешни работи, да стане вршител на должноста министер за надворешни работи.