Регион
Русите снимија филм за НАТО-бомбардирањето на Југославија, се појавува и Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша настаните од 1999 година, кога НАТО почна да ја бомбардира СР Југославија, како голема трагедија.
„Тоа е голема трагедија“, му рече Путин во документарниот филм „Белград“ на генералниот директор на ТАСС, Андреј Кондрасов.
Фрагмент од филмот беше прикажан на ТВ-каналот „Русија-1“ во емисијата „Вести на неделата“. Путин повтори дека „тоа што го направи Западот е целосно неприфатливо“. Тој го обвини Западот дека почнал војна во срцето на Европа, без никаква резолуција на Советот за безбедност на ОН.
Тој нагласи дека на бомбардирањето на НАТО му претходела тешка граѓанска војна.
„Првиот чекор, се разбира, беше прашање на внатрешен конфликт. Сега нема да давам оценки кој за што е виновен и кои биле целите“, изјави тој.
Тој истакна дека „сè е поттикнато и внатрешно и надворешно и тоа доведе до некаков внатрешен конфликт – во суштина, многу тешка граѓанска војна“.
НАТО почна воена операција против СР Југославија на 24 март 1999 година за „да го спречи геноцидот врз албанското население во Косово“. Според податоците на НАТО, авионите на земјите членки на алијансата извршиле 38.000 прелети во текот на 78-дневната операција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.