Свет
Сестрата на Ким Џонг-ун: Јапонскиот премиер Кишида побара средба со лидерот на Северна Кореја

Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, денеска изјави дека јапонскиот премиер Фумио Кишида неодамна изразил желба да се сретне со лидерот на Северна Кореја.
Ким посочи дека таквата средба не зависи само од волјата на Кишида и дека Јапонија ќе се смета за непријател „кога јасно ги крши суверените права на Демократска Народна Република Кореја“, но додаде дека двете земји можe да отворат нова иднина ако Јапонија одлучи на патот на меѓусебното почитување, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата АП наведува дека некои експерти проценуваат дека Северна Кореја сака да ги подобри односите со Јапонија за да го ослаби трилатералното безбедносно партнерство на Токио, Сеул и Вашингтон и дека Кишида со овој потег сака да го зголеми својот опаѓачки рејтинг во Јапонија.
САД и Јужна Кореја ги прошируваат заедничките воени вежби и трилатералните вежби со Јапонија од 2022 година како одговор на тестовите на оружје на Пјонгјанг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Ќе воведам царина од 25 отсто на „Епл“ ако не почне да произведува „Ајфон“ во Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Епл“ мора да ги произведува своите „ајфон“ телефони во Соединетите држави – или ќе се соочи со царина од 25 проценти.
„Го информирав Тим Кук од „Епл“ одамна дека очекувам ајфоните кои се продаваат во Соединетите Американски Држави да се произведуваат во САД, а не во Индија или на кое било друго место“, напиша Трамп на платформата „Тру соушал“.
„Ако тоа не е случај, „Епл“ ќе мора да плати тарифа од најмалку 25 отсто на САД“, напиша Трамп.
Минатата недела, за време на посетата на Блискиот Исток, Трамп изрази незадоволство од планот на „Епл“ да произведува „ајфон“ уреди за американскиот пазар во новоизградените објекти во Индија.
Свет
Трамп најави царини од 50 проценти за Европската унија

Американскиот претседател Доналд Трамп, најави царини од 50 проценти за Европската унија од 1. јуни.
Во пораката, Трамп напиша дека преговорите со ЕУ не водат никаде, а веднаш по објавата, европските берзи паднаа за 2 отсто.
„Европската Унија, која беше основана првенствено за да ги експлоатира Соединетите Американски Држави во трговијата, е исклучително тешка за соработка. Нејзините силни трговски бариери, ДДВ, апсурдни казни за корпорациите, нетарифни бариери, монетарна манипулација, неправедни и неосновани тужби против американски компании и друго, доведоа до трговски дефицит со Соединетите Американски Држави од повеќе од 250 милијарди долари годишно – бројка што е целосно неприфатлива.“
Нашите преговори со нив не водат никаде! Затоа, препорачувам воведување на рамна царина од 50 отсто за Европската Унија, почнувајќи од 1 јуни 2025 година. За производите што се произведуваат или склопуваат во Соединетите Американски Држави, царината не се применува. Ви благодарам за вниманието“, се вели во пораката на Трамп.
Свет
Големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина успешно завршена, Трамп им честита

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, соопшти дека големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина е успешно завршена.
„Штотуку беше завршена голема размена на затвореници меѓу Русија и Украина. Им честитаме на двете страни за оваа преговарачка победа. Ова може да доведе до нешто големо“, порача Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Тру соушал“.
Украина претходно ѝ достави на Русија список од 1.000 воени заробеници како дел од подготовките за најавената размена, изјави вчера претставник на украинската воена разузнавачка служба.
Договорот за спроведување на оваа размена беше постигнат претходно овој месец во Истанбул за време на првите директни преговори меѓу Русија и Украина по повеќе од три години.