Црна хроника
Тешко повредена скопјанка, била прегазена од „бмв“
Вчера во 17.40 часот било пријавено дека во Скопје на паркинг простор на улицата „Петре Георгиев“ патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.М.(34) од Република Турција, удрило во 77-годишната М.Ќ. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени крадци во Прилеп: нападнале и полицаец кој го пријавил настанот
Вчера во 22.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.С.(27) и Д.Д.(22), двајцата од Прилеп.
Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ од плац на правно лице од Прилеп.
Притоа, тие физички нападнале полициски службеник кој не бил на работа, а го пријавил настанот.
Биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Турчин со „хонда“ удрил во полицаец
Денеска во 02.50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.Д.(28) од Република Турција затоа што со патничко возило „хонда” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Тој е задржан во полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Го погодил проектил во нога додека собирал печурки
Маж од Велес собирал печурки и почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.
„Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје“, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.