Македонија
Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 4, Венко Филипче, денеска се сретна со млади лекари во Струмица. Филипче ги слушна ставовите на младите лекари, кои имаат зрел пристап кон сложеноста на здравствениот систем.
Како што соопштија од СДСМ, на средбата неврохирургот Филипче истакнал дека како пратеник ќе се залага да се создаде квалитетен и долгорочно одржлив систем за здравствена заштита, како и дека ќе се залага за носење политики што ќе спречат одлив на лекари и друг медицински персонал надвор од државата.
„Моите млади колеги секогаш во разговорите што ги водам со нив покажуваат дека имаат зрел пристап кон сложеноста на здравствениот систем. Затоа ќе продолжам да ги застапувам вашите интереси и давам безрезервна поддршка на вашите конструктивни предлози и иницијативи“, рече Филипче на средбата.
Носителот на листата за пратеници на СДСМ во ИЕ 4, Венко Филипче, на средбата истакна дека ќе се залага и за воведување програми за едукација на младите лекари кон повисоки професионални достигнувања и градење идни квалитетни и конкурентни лекари, кои ќе работат во клиниките и во болниците во државата.
Денеска, Венко Филипче даде поддршка на протестот на приватните лекари специјализанти, кои бараат покачување на месечниот надомест во согласност со растот на платите.
Првпат приватните лекари специјализанти добија месечен надомест во 2018 година кога Венко Филипче беше министер за здравство. Во мандатот на Филипче првпат младите лекари специјализанти добија и здравствено осигурување и платени дежурства. Здравственото осигурување им беше укинато на младите лекари кога Филипче замина од министерската функција, а висината на месечниот надомест остана на 26.000 денари, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Меџити прими жители од Страчинце: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ги прими во својот кабинет жителите од селото Страчинце, со кои одржа отворен состанок за одлуката за одбивање на барањето за отворање на каменолом во оваа скопско село.
Министерот Меџити ги информираше жителите за професионалните и институционалните причини што доведоа до оваа одлука. Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина, ризик од поплави и негативно влијание врз јавното здравје, велат од Министерството.
На состанокот беше истакнато дека приоритет е заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните над секој економски интерес.
Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата во Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.
Жителите на Страчинце се заблагодарија за одлуката и за приемот што го оствари министерот Меџити, нагласувајќи дека овој состанок е пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.