Македонија
Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици“ во организација на Институт за економски стратегии и меѓународни односи „ОХРИД“.
Во рамките на дискусијата министерот Тошковски истакна дека министерството за внатрешни работи е важна алка во делот на институциите надлежни за спроведување на фер и демократски изборен процес.
„Како министер и покрај тоа што се соочувам со сериозни опструкции од страна на Владата која незаконски поништи акти донесени од моја страна и не дозволи да назаначам Началник на СВР Тетово, ќе сторам сè МВР да биде на висина на задачата и да гарантира организирање на безбедни избори на кои граѓаните ќе можат слободно да го остварат своето право на глас“, потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски исто така ја потенцираше добрата соработка која ја има министерството со другите институции кои учествуваат во организација на изборите, особено државната изборна комисија во делот на списоците но и во спроведувањето на правилникот на ДИК за постапување на полицијата за време на избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Во живо) Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција во седиштето на партијата.
Македонија
Меџити гласаше и упати порака до граѓаните: Не заборавајте дека секој глас е важен
Претседателот на Демократското движење и носител на листата на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити го оствари правото на глас.
„Почитувани граѓани, денес е важен ден за нашата демократија. Ве молам учествувајте на изборите и изразете го својот глас за иднината на нашата земја. Ова е должност кон себе и кон другите. На овој прекрасен и демократски ден, не заборавајте дека секој глас е важен“, рече Меџити.
Македонија
Силјановска-Давкова: Како одговорна граѓанка со својот глас ги удостоив и парламентарните и претседателските избори
Како одговорна граѓанка, со својот глас ги удостоив парламентарните и претседателските избори, информира Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за претседател на државата, по гласањето за парламентарни и претседателски избори.
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места беа отворени во седум часот, а беа затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните одлучуваа меѓу Гордана Силјановска-Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните избираат помеѓу 17-те изборни листи.