Забава
Џенифер Лопез објави фотографија од сала за вежбање, луѓето прашуваат: „Извинете, но кој е ова“
Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави селфи на кое позира во теретана во зелен спортски градник и хеланки, а фотографијата набрзо собра повеќе од милион лајкови, но и бројни негативни реакции.
„Кој оди во теретана со толку совршена шминка?“ праша еден следбеник, а друг додаде: „Не, ова е монтирана фотографија. Таа не е толку слаба“.
View this post on Instagram
„Извинете, но кој е ова“, праша трет, а некој забележа: „Луѓе, негативните коментари се бришат, ова е неверојатно“. Сепак, многу фанови застанаа во одбрана на 54-годишната пејачка.
„Ми е чудно зошто успешните, самоуверени жени на одредена возраст често се соочуваат со толку остри критики. Што ја мачи помладата генерација, нивната возраст или самодовербата? Наместо да ја мразите, настојувајте да бидете талентирани и остварени како неа! Таа прави што сака и тоа е за восхит“, е еден од коментарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Папараци ја снимиле Линдзи Лохан, луѓето тврдат дека е непрепознатлива
Холивудската актерка Линдзи Лохан (38) е видена во непрепознатливо издание. Папараците ја уловија како пристигнува во квартот Хадсон Сквер на Менхетен, каде покажа сосема поинаков имиџ.
Наместо портокаловата коса по која беше позната долго време, Линдзи се одлучи за елегантни руси локни. Таа носеше бел фустан со цветен дезен, кој го искомбинира со крем капут со златни копчиња и чанта во иста боја.
Покрај нејзиниот гламурозен изглед, она што на многумина им падна во очи е и младоста што ја стави во преден план. Блескавата насмевка не ја симна од лицето, а впечатокот дополнително го засили со пристојна шминка во светли тонови.
Како што пренесуваат медиумите, актерката го одбрала ова издание за гостување во ток-шоуто The View. Таа ќе биде таму за да го промовира својот нов божиќен филм кој треба да излезе на Нетфликс на 27 ноември.
Забава
(Видео) Ричард Гир покажа среден прст во емисија во живо и ги налути гледачите
Ричард Гир се појави во емисијата Today во средата за да ја промовира својата нова ТВ серија The Agency. Водителката Савана Гатри на гледачите им најави клип од серијата, а кога камерата се врати на нив, познатиот актер беше снимен со средниот прст во воздух.
„Само што направивте непристоен гест во оваа семејна утринска емисија!“, му рече водителката, а 75-годишниот актер се бранеше: „Не го покажавте, но јас така направив во клипот. Тоа беше во клипот!“.
Водителката му рече дека тие намерно го исекле тој дел, но Гир тврдел дека клипот „нема смисла“ без гестот и се пошегувал: „Мојата рака го направи тоа, јас сум надвор од контрола“.
Неговиот потег налути дел од гледачите, кои сметаат дека е несоодветен за утринска емисија, додека на некои целата приказна им е урнебесна.
„Кој друг мисли дека и покажа среден прст на водителката?“, „Добро се снајде“, „Зошто го направи тоа? Не знам“, се дел од коментарите.
Забава
Ева Лонгорија објасни зошто со семејството се иселила од САД
Ева Лонгорија, ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ објасни зошто решила да ги напушти САД со семејството.
Актерката и режисерка неодамна откри дека таа, нејзиниот сопруг Хозе Бастон и нивниот шестгодишен син Сантијаго живеат меѓу Шпанија и Мексико. Сепак, Лонгорија сака фановите да знаат дека тоа не е поради резултатите од претседателските избори во САД.
„Можете ли да им кажете на сите дека не ги напуштив САД поради Трамп?“, рече Лонгорија на подкастот. „Во Европа сум веќе скоро три години. Не заминав поради политичкиот амбиент, заминав затоа што работата ме однесе таму“.
Лонгорија призна дека живеењето надвор од САД и овозможува да се извлече од „постојаниот 24-часовен циклус на вести“ и додаде дека шпекулациите за тоа дали се преселила поради американската политика „ги делат луѓето“.
Во интервјуто за Marie Claire објавено оваа недела, актерката објасни дека забавната индустрија во Холивуд почнала да се менува долго пред изборите во 2024 година, што влијаело на одлуката на нејзиното семејство да се пресели.
„Го поминав целиот мој возрасен живот во Калифорнија, но дури и пред пандемијата нештата се менуваа. Енергијата беше поинаква. Потоа се случи Ковид и сè турна на работ. Без разлика дали се работи за бездомништво или даноци – не сакам да ја критикувам Калифорнија – но чувствувам дека ова поглавје од мојот живот сега е завршено“.
Таа призна дека е привилегирана бидејќи има можност да се пресели во друга земја, пренесува Индипендент.
„Можам да побегнам и да одам некаде. Повеќето Американци немаат толку среќа. Тие ќе останат заглавени во оваа дистописка земја, а јас сум вознемирена и тажна за нив“, рече Лонгорија.