Македонија
Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска-Давкова: Еден претседател треба да обединува и да трага по единство
Гордана Силјановска-Давкова преку социјалните мрежи се заблагодари за поддршката и кажа дека за неа ова претставува голема чест и одговорност.
„Ви тврдам и ви ветувам дека од овој момент овде јас ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Еден претседател, особено ако е жена, треба да обединува и да трага по единство. Се обврзувам на такво единство бидејќи секогаш ќе бидам со вас и за вас“, напиша Силјановска-Давкова
Македонија
(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори.
Гордана Силјановска Давкова доби 561.000 гласови, а Стево Пендаровски освои 251.899 гласови.
По целосно обработените податоци од вчерашното гласање, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички места, ДУИ – 19 пратеници, СДСМ освои 18 мандати, коалицијата ВРЕДИ – 13, Левица и ЗНАМ по шест маднати.
ИЕ 1 – ВМРО-ДПМНЕ – 10, СДСМ – 3, ДУИ – 2, ВРЕДИ – 2, Левица – 2 и ЗНАМ – 1 пратеник.
ИЕ 2 – ВМРО-ДПМНЕ – 8, ДУИ – 4, ВРЕДИ – 3, СДСМ – 2, ЗНАМ – 2 и Левица – 1 пратеник.
ИЕ 3 – ВМРО-ДПМНЕ – 14, СДСМ – 4, ЗНАМ и Левица по 1 пратеник.
ИЕ 4 – ВМРО-ДПМНЕ – 13, СДСМ – 5, ЗНАМ и Левица по 1 пратеник.
ИЕ 5 – ВМРО-ДПМНЕ – 10, ДУИ – 4, СДСМ – 3, ВРЕДИ, ЗНАМ и Левица по 1 пратеник.
ИЕ 6 – ДУИ – 9, ВРЕДИ – 7, ВМРО-ДПМНЕ – 3, СДСМ – 1 пратеник.
Македонија
Груевски ѝ ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: „Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев“
Експремиерот во бегство, Никола Груевски, им ја честита победата на парламентарните и на претседателските избори на своите поранешни сопартијци коментирајќи дека мнозинството ги казни политиките што ги постави Зоран Заев, а очекувањата на народот не смее да бидат изневерени.
„Судбината сакаше на Денот на победата над фашизмот, одбележувајќи го големиот пораз на фашизмот во 1945 година, да ги поздравам големиот пораз на СДСМ и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите одржани вчера, како на парламентарните така и на претседателските избори.
Вчера, иако со поголемо задоцнување, убедливото мнозинство жестоко ги казни и порази политиките на СДСМ, кои ги постави Зоран Заев, а ги следеа неговите слепи послушници.
Политики полни со национални предавства, криминали, длабока корупција и лично богатење на грбот на граѓаните, секојдневни лаги и манипулации, злоупотреби, политички прогони на неистомислениците, нефункционалност на државните институции и нивно ставање во лична полза, како и неспособност од големи размери.
Политики што Македонија ја уназадија во секој поглед, неповратно иселија огромен број граѓани и ја доведоа земјата во позиција на потчинетост пред негаторите на нацијата и на македонскиот идентитет, јазик, историја, име, националност и посебност. Политики со кои Македонија беше константно 7 години економски уништувана, осиромашувана, ограбувања и морално пропаѓана. ВМРО-ДПМНЕ доби голема подршка од граѓаните.
Честитам!
Но, и голема обврска пред народот и големи очекувања и надеж кај нив, кои не смее да се изневерерат.
Со среќа!
И со ум!“, напиша Груевски.