Црна хроника
Ужас на клучката кај Смилковци: полицијата запрела возило за контрола, па во нив се забил автомобил
Автомобил удри во две возила од кои едното полициско, на скопската обиколница во близина на клучката Смилковци.
Од МВР велат дека вчера патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(28) од Скопје, удрило во патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.С.(47) од Гостивар, кои претходно биле запрени поради вршење на контрола.
Во незгодата со телесни повреди се здобил мажот кој бил запрен од полицијата, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката
Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица за незаконит лов, а едно од лицата е осомничено и за убиство од небрежост.
На 10.11.2025 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода М.Б.(40) од село Габревци, Љ.М.(64) од село Долни Липовиќ, М.Д.(50) од село Габревци, В.Р.(52) од село Ракитец, М.М.(67) од село Ракитец, С.Р.(34) од село Ракитец, Г.Р.(69) од село Ракитец, В.И.(48) од село Ракитец, В.Н.(72) од село Долни Липовиќ, Г.К.(51) од село Дедино и Ј.Б.(47) од село Габревци, сите во општина Конче. Лишените од слобода, заедно со Ј.П.(46) од село Ракитец, општина Конче, на 10.11.2025 во атар на с. Габревци биле во лов на дивеч без да поседуваат дневни дозволи за лов.
За време на ловот, во еден момент М.Б. од својата ловечка пушка од небрежност испукал еден истрел и го погодил Ј.П. во пределот на стомакот и раката, по што М.Ј. и Љ.М. го качиле повредениот во патничко возило и тргнале кон Итна медицинска помош Радовиш. По пат ја известиле Итната медицинска помош и на место викано „Дедински Чаири”, атар на село Дедино, се сретнале со возилото на итната помош, каде што лекар констатирал смрт кај Ј.П..
Увид на местото изврши јавен обвинител, а телото на починатиот е дадено на обдукција.
Од сите инволвирани се одземени ловечки пушки и муниција, а ловечка пушка и муниција се одземени и при претрес на домот на М.Б., извршен со судска наредба.
М.Б., Љ.М. и Г.К. се задржани во Полициската станица Радовиш, а во текот на денот против М.Б. ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „убиство од небрежност“.
Додека, по целосно документирање на случајот против сите лица ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „незаконит лов“.
Црна хроника
Oграбена скопјанка во Гази Баба
Скопјанка пријавила дека била ограбена од страна на женско лице на подрачјето на Гази Баба.
Имено вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, М.Г.(77) од Скопје пријавила дека на 08.11.2025 околу 17:00 часот пред продажен објект на подрачјето на Гази Баба, едно женско лице со употреба на физичка сила ѝ одзело паричник со пари и лични документи.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена штипјанка: со возилото удрила во жардиниери, па во паркирано возило
Вчера околу 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 64-годишната Е.А. од Штип, удрило во жардиниери, а потоа во патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од А.Ј.(25) од Штип.
Во несреќата Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип, соопшти полицијата.

