Забава
Несудената британска кралица има неверојатна животна приказна: сестрата на принцезата Дијана претходно била во врска со Чарлс
Кога принцот Чарлс се ожени со Лејди Дијана Спенсер во 1981 година, се чинеше дека ниту еден аспект од свадбата од бајките не остана непроверен, но имаше една личност која, иако претпочиташе да остане зад сцената, а имаше централна улога тој ден.
Не само што беше најстарата сестра на принцезата Дијана, туку беше и поранешна девојка на младоженецот и жена која, како што подоцна призна, ги запознала Чарлс и Дијана. Која е мистериозната Сара Мекоркудал?
„Ги запознав Дајана и Чарлс. Јас сум Купидон“, рече Лејди Сара за тогашниот принц и нејзината сестра Дијана пред нивната венчавка. Сепак, по распадот на бракот, Сара беше сигурен сојузник на нејзината помлада сестра, а исто така поддржувач на принцовите Вилијам и Хари кога ја загубија својата мајка во сообраќајна несреќа.
Сепак, само три години пред „свадбата на векот“, се шпекулираше дека Лејди Сара ќе се омажи за Чарлс.
Сара го запознала принцот од Велс на поло натпревар во 1977 година, во време на зголемен интерес на јавноста за тоа кого наследникот на тронот ќе избере за своја невеста.
Лејди Сара ненадејно стави крај на гласините во 1978 година, откако скијаше со Чарлс во швајцарското село Клостерс.
„Тоа беше прекрасен одмор, но не се зборува за веридба. Нема шанси да се омажам за него. Не сум заљубена во него. И не би се омажила со некој што не го сакам, било да е тоа чистач или крал. Кога би ме прашал, би го одбил. Би се омажила само за љубов“, изјавила тогаш 22-годишната Сара на новинарите, пренесува „Дејли мејл“.
И додека ја отфрли нејзината потенцијална улога во кралското семејство, таа го запали огнот меѓу Чарлс и нејзината сестра. Сара беше таа која првпат го запозна Чарлс со Дијана во прекрасниот дом на семејството Спенсер Алторп во Нортхемптоншир.
Школувана во познатиот интернат Вест Хит, во Кент, Лејди Сара подоцна работела во Лондон. Кога Дијана се преселила во Лондон кон крајот на 1970-тите, таа живеела со својата сестра.
За време на живеењето на Дијана во Лондон, нејзината врска со Чарлс процвета, привлекувајќи го интересот на јавноста за младата жена која би можела да стане принцеза од Велс. Во меѓувреме, Лејди Сара се запознала со Нил Мекоркудал, фармер и поранешен офицер на гардата. Тие се венчаа на тивка церемонија на 17 мај 1980 година во црквата Света Марија во селото Грејт Брингтон во близина на Алторп.
Свршувачката на нејзината сестра беше меѓународна вест на 24 февруари 1981 година. Свадбата на 29 јуни истата година ја следеле 750 милиони луѓе. Се проценува дека тој ден на улиците на Лондон биле околу 600.000 луѓе за да ја следат церемонијата.
Иако водеа различни животи, едната сестра беше принцеза, а другата жена на фармер, тие останаа блиски. Лејди Сара често ја придружуваше Дијана на службени патувања. Сара, мајка на три деца, често и помагала на принцезата да се грижи за Вилијам и Хари. Сестрите редовно летувале заедно со децата.
По смртта на Дијана на 31 август 1997 година, нејзините сестри Сара и Џејн Фелоус и Чарлс отишле да го земат нејзиното тело. Лејди Сара ја прочита песната на погребот на Дијана и беше ко-извршител на тестаментот на Дијана, а стана и претседател на Меморијалниот фонд на Дијана, пред да се затвори во 2012 година.
Таа беше присутна и на свадбата на Вилијам со Кејт Мидлтон во 2011 година и на свадбата на Хари со Меган Маркл во 2018 година, како и на крштевката на нивниот син Арчи.
Семејството Спенсер долго време е дел од британската аристократија.
Семејството било толку блиско со членовите на кралското семејство што кралицата мајка и била кума на Сара.
Лејди Сара и Нил Мекоркудал имаат три деца, Емили Џејн, Сали Роуз и Џорџ Едмунд. Парот живее затскриен живот во близина на Грантам во Линколншир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Заборавените предмети добиваат нов живот: Еко-свест организира Еко трампа „На ти го, дај ми го“
Организацијата Еко-свест ја најавува следната Еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, која ќе се одржи на 14 февруари (сабота) во Бистро Комедија, од 12 до 15 часот.
Во свет во кој доминира брзата потрошувачка, овој настан им нуди на граѓаните алтернативен и свесен начин на размислување. Наместо купување нови производи, Еко трампата поттикнува кружна економија и заедница базирана на споделување и грижа за околината.
Зошто да бидете дел од Еко трампата? Настанот е дизајниран за секој кој сака да направи позитивна промена. Учесниците ќе имаат можност:
● Да го победат конзумеризмот: Наместо трошење пари, се користи размена.
● Да го растеретат домот: Ослободете се од предмети кои долго не сте ги користеле.
● Да израдуваат некој друг: Вашиот стар предмет може да биде нечие ново „богатство“.
● Да се поврзат: Запознајте истомисленици кои се грижат за одржлива иднина.
Како функционира процесот? Системот на размена е едноставен и фер:
1. Секој учесник може да донесе до 5 предмети (облека, книги, модни додатоци, ситни апарати и слично).
2. За секој донесен предмет се добива купон за размена.
3. Со купонот, учесникот избира „нов“ предмет од понудата донесена од другите учесници.
Како дополнителен мотив за дружење, секој учесник ќе добие бесплатно кафе, овозможувајќи простор за пријатен разговор и размена на идеи во опуштена атмосфера.
„Многу сум среќна што во мојот град има толку многу луѓе што ја препознаа целта на Еко-трампата. Покажавме дека убавата енергија и дружбата можат да се остварат преку добри одржливи еко практики избегнувајќи го конзумеризмот и отварајќи се за наша поубава иднина. Првата Еко-трампа ми ги надмина очекувањата, се надевам така ќе биде и со оваа“, вели Милијана Богданоска, правник за животна средина во Еко-свест.
Таа ги покани сите граѓани да се придружат, да ја негуваат културата на повторна употреба и заедно да направиме нешто добро за нашата планета и нашето општество.
Забава
(Видео) Хали Бери ја потврди веста за свршувачката: Подготвена е за четврти брак
Актерката Хали Бери откри дека се свршила за време на гостувањето во емисијата „The Tonight Show“ на Џими Фалон. Големото прашање го постави нејзиниот долгогодишен партнер, музичарот Ван Хант.
„Имаше одредена конфузија околу тоа дали тој ми предложил брак и дали јас го одбив“, рече 59-годишната актерка. „Не, тоа не е вистина. Не реков не. Само сè уште немаме закажано датум.“
По кратка пауза, фановите ширум светот добија јасен одговор – потврда!
„Но, секако дека се согласив да се омажам за него! Ми стави ‘прстен’ на раката“, рече таа хумористично.
Хали се мажеше три пати, а сега отворено проговори за тоа како се чувствувала по третиот развод.
„По третиот развод, луѓето почнаа да велат: Што не е во ред со неа? Таа е луда. Не може да задржи маж“, се присети актерката. „Затоа избегнував да давам интервјуа речиси десет години бидејќи ми здодеа истата приказна. Секогаш се сведуваше на: Кутрата Хали, повторно нема среќа во љубовта.“
Забава
(Видео) Толку мрачно, толку секси – Марго Роби повторно измамува воздишки
Марго Роби и Џејкоб Елорди продолжуваат да го промовираат филмот „Wuthering Heights“ во Лондон. За оваа пригода, тие донесоа беспрекорни креации кои зрачат со уникатен моден израз.
Треба да се напомене дека зачудувачката русокоса, сепак, беше ѕвезда на вечерта бидејќи нејзиниот фустан беше повеќе од само фустан.
Марго носеше фустан од турската дизајнерка Дилара Финдикоглу, која полека, но сигурно се прославува во модната индустрија. Нејзините парчиња претставуваат комбинација од темен гламур и винтиџ мода и се чини дека полека ги освојуваат жените низ целиот свет.
Се чини дека Марго Роби веќе ги шармираше сите присутни на црвениот тепих.
Креацијата е украсена со корсет направен во викторијански стил, како и со проѕирна ткаенина.
Деталите беа исто така интересни, имено, рачно изработени зелени конци кои се протегаа по целата должина на фустанот, сè до вратот.
Фустанот ја нагласи нејзината завидна фигура, а што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за земјени тонови и пунџа што ги истакна нејзините природни црти на лицето.

