Македонија
Ковачевски: Европскиот пат не е лесен, ЕУ не беше фер, но нема откажување од европската иднина
Јас не знам која друга коалиција има повеќе право да каже дека е за Европа од нашата. Ние преку конкретни чекори покажавме дека за нас нема друга визија и друг пат освен европскиот, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
-Јас знам дека тој пат не е лесен и дека Европската Унија не секогаш беше фер кон нас. Лично го имам искусено и знам како се чувствувате, фрустрацијата и ја гледам и ја чувствувам. Точно е, не постои земја што повеќе направила на нејзиниот европски пат. Точно е, можеше да е поинаку. Но, сетоа тоа е во минатото. Ние мора да гледаме напред. – истакна Ковачевски.
Мора и покрај се, да не се откажеме од тој пат. Затоа што Европската Унија е нашата единствена алтернатива. На Македонија и е потребна Европската Унија. Потребен ѝ е европскиот стандард, европските вредности и начин на живот, овде и сега. – посочи Ковачевски.
Затоа, мотивирани и посветени да ги искористиме деновите кампања пред нас и пред граѓаните да ги презентираме нашите планови, идеи, конкретни проекти преку позитивна кампања која ќе ја потенцира нашата европска визија. Да покажеме дека Коалицијата за европска иднина е најдобриот избор кој ќе обезбеди европска и просперитетна иднина за Македонија! – рече Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

