Свет
Франција: Испраќаме уште оклопни возила и проектили во Украина
Франција ќе и обезбеди на Украина дополнителни оклопни возила и противвоздушни ракети, земени од старата, но се уште функционална опрема од француските залихи, изјави министерот за одбрана, Себастиен Лекорну.
Опремата вклучува оклопни транспортери од типот ВАБ и ракети од типот Астер за системите САМП/Т.
ВАБ се клучни за мобилноста на војниците долж долгиот фронт и беа побарани од Украина.
Зборувајќи за весникот „Ла Трибјун“, Лекорну одби да ја прецизира количината што се испорачува, освен да каже дека „стотици“ оклопни возила ќе бидат испратени во Украина. Тие би пристигнале оваа година или почетокот на следната година.
Франција и доставила на Украина опрема во вредност од околу 2,6 милијарди евра од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Израелците го нападнаа Бејрут, цел бил Ибрахим Акил, командант на операциите на Хезболах
Густ облак од чад се издига над главниот град на Либан Бејрут откако израелската војска соопшти дека извршила „цеден напад“. Жителите на јужните предградија пријавиле дека слушнале силна експлозија, пренесува Ројтерс.
BREAKING: A security source in Lebanon:
“Israeli bombing targeted the southern suburb of Beirut. It is not yet known whether a specific person was targeted, but the damage is great.” pic.twitter.com/EvMBFxOa24
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) September 20, 2024
Израелците не дадоа никакви детали за нападот, но нагласија дека нема промена во советите за израелските цивили да останат безбедни. Нападот на Бејрут се случи откако Хезболах истрела 140 ракети во северен Израел.
Новата размена на оган доаѓа по серијата експлозии на комуникациски уреди во вторникот и средата, при што загинаа најмалку 37 лица, меѓу кои две деца, а повеќе од 3.000 беа ранети во Либан.
Либанската влада и милитантната група Хезболах го обвинија Израел за нападот. Тел Авив не ги коментираше тие наводи, но министерот за одбрана Јоав Галант најави дека Израел влегува во „нова фаза“ од војната.
Цел на израелското гранатирање на Бејрут бил Ибрахим Акил, командант на операциите на Хезболах, објави израелското воено радио.
Медиумите јавуваат дека Акил е убиен во овој напад, а тој е еден од клучните луѓе на Хезболах, за чија глава Америка понудила дури седум милиони долари.
Новинската агенција АФП цитираше извор близок до Хезболах дека Акил бил убиен во нападот.
Американското Министерство за правда понуди награда од 7 милиони долари за информации за клучниот лидер на Хезболах Ибрахим Акил.
Свет
Либанско Министерство за здравство: Најмалку осум загинати и 59 ранети во израелскиот напад
Во денешниот воздушен напад на израелската армија на периферијата на Бејрут загинаа најмалку осум лица, а 59 се ранети, соопшти либанското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.
Израелската војска претходно денеска соопшти дека извршила „целен напад“ врз либанската престолнина, додека два безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека е погодено јужно предградие на Бејрут и дека цел бил лидер на Хезболах.
Нападот погодил локации во близина на клучни објекти што ги користи Хезболах, објави британската агенција, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори во Либан.
Свет
Њујорк Тајмс: Харис потроши 20 пати повеќе пари на реклами од Трамп за време на дебатната недела
Американската потпретседателка и кандидат на демократите Камала Харис потроши 20 пати повеќе пари за рекламирање на социјалните мрежи отколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп за време на дебатната недела, објави денеска Њујорк Тајмс.
Харис наводно потрошила 12,2 милиони долари на рекламирање на Фејсбук и Инстаграм за време на дебатната недела, додека Трамп потрошил нешто повеќе од 611.000 долари.
Претседателската дебата се одржа на телевизијата ABC на 10 септември, а Трамп, иако го оцени својот настап како „најдобар досега“, одби да учествува на следната.