Забава
Најголемата поп-ѕвезда на денешницата стана милијардер
Тејлор Свифт официјално го достигна статусот милијардер – по 17-годишна музичка кариера, во која стана најголемата поп-ѕвезда на денешницата. „Форбс“ ја објави својата листа на славни милијардери за 2024 година, а Тејлор се искачи на 14. место со богатство од 1,1 милијарда долари.
View this post on Instagram
За тоа придонесе нејзината турнеја „Ерас“, инаку музичка турнеја со најголема заработка досега, а воедно и прва што надмина милијарда долари приход. Тука е секако и огромната заработка од нејзините шест албуми, а таа е една од ретките што тоа го постигнала само преку музика.
Листата на „Форбс“ на познати милијардери во 2024 година:
Џорџ Лукас (нето-богатство: 5,5 милијарди долари)
Стивен Спилберг (нето-вредност од 4,8 милијарди долари)
Мајкл Џордан (нето-вредност од 3,2 милијарди долари)
Опра Винфри (нето-вредност од 2,8 милијарди долари)
Џеј Зи (2,5 милијарди долари нето богатство)
Ким Кардашјан (нето-вредност од 1,7 милијарда долари)
Питер Џексон (нето-вредност од 1,5 милијарда долари)
Тајлер Пери (1,4 милијарда долари нето-богатство)
Ријана (1,4 милијарда долари нето-богатство)
Тајгер Вудс (нето-вредност од 1,3 милијарда долари)
Леброн Џејмс (нето-вредност од 1,2 милијарда долари)
Меџик Џонсон (нето-вредност од 1,2 милијарда долари)
Дик Волф (нето-вредност од 1,2 милијарда долари)
Тејлор Свифт (1,1 милијарда долари нето-богатство)
View this post on Instagram
Инаку, Џеф Безос пред еден месец си ја поврати титулата најбогат човек на светот престигнувајќи го Илон Маск според индексот на милијардери на „Блумберг“. Нето-богатството на основачот на „Амазон“ беше 200 милијарди долари, а на Маск се проценува на 198 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

