Економија
МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализраше исплатата на директните плаќања за остварено производство со градинарски култури и остварено производство со овошни култури.
Како корисници на поддршката за градинарство се јавуваат 6.200 производители на домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници. Притоа овие корисници своето остварено производство го предале на регистриран откупувач, или го продале на пазар. Висината на поддршката по поединечен корисник изнесува 20.000 денари по хектар. Вкупно се исплатени 85 милиони денари, поддршка кон производителите на градинарски култури.
Поддршката за оствареното производство со овошни култури, се однесува на корисници, кои пријавиле производство на јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев бадем и калинка. Кај оваа мерка исплатени се над 7.240 корисници со вкупна финансиска поддршка од 217,7 милиони денари.
Поддршката за пријавено производство со јаболко изнесува 30.000 денари по хектар, за слива и праска изнесува 25.000 денари по хектар, за вишна, цреша, кајсија и круша поддршката изнесува 22.000 денари по хектар, додека за јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка изнесува 13.000 денари по хектар.
Во наредниот период продолжуваме со исплата на финансиската поддршка за растително производство. Веќе до крајот на неделата АФПЗРР треба да ја реализира и исплатата, кај полјоделските култури, односно поддршката за користен сертифициран семенски материјал, освен за оризот, каде дополнителната поддршка не е условена со користење на сертифициран семенски материјал.
Истовремено АФПЗРР ги подготвува соодветните налози за исплата на субвенциите за тутун за реколта 2023, по основ на две мерки кои предвидуваат поддршка од 80 денари за прва класа, 70 за втора, 60 за трета како и дополнителна поддршка од 20 денари по килограм предаден тутун.
Следува и реализациајта на дополнителните мерки од делот на сточарството за огледувачите на говеда и кози, како и мерките за органско производство, поддршката за подрачја со ограничени можности и дополнителните субвенции за регистрираните земјоделци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

