Регион
Повторно инспектори и копање околу куќата каде што исчезна малата Данка во Бањско Поље
Во околината на куќата во Бањско Поље каде минатиот вторник исчезна малата Данка Илиќ, инспекторите повторно почнале да копаат, дознава Телеграф.
Репортерот кој е на лице вели дека во близина на куќата има голем број инспектори.
Неофицијално таму се и членови на форензиката, но оваа информација се уште не е потврдена.
Што точно прават во близина на куќата се уште не е познато.
На новинарите им е строго забрането да се приближуваат до куќата додека е таму полицијата.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна минатиот вторник околу 13:45 часот, а во моментот на исчезнувањето носеше виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и коса врзана во опавче.
Системот „Најди ме“ е активиран за прв пат во Србија поради нејзиното исчезнување, а како што е наведено на сајтот „pronadjime.mup.gov.rs“, девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.
Регион
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.
Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.
Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.