Регион
„Се каат ли денеска оние што ги обвинуваа родителите“, потресни пораки на профилот на мајката на убиената Данка

Луѓето од Србија и од целиот регион, кои со денови се молеа за девојчето Данка Илиќ, се потресени од веста дека е убиено мало дете. Оттогаш на профилот на мајката Ивана Илиќ не престануваат зборовите на сочувство и поддршка, објавуваат српските медиуми.
Има и многу револтирани што мајката била распната со денови дека можеби ѝ направила нешто лошо на Данка или дури и ја продала.
„Дали денес жалат оние што ја обвинија оваа несреќна мајка дека продала дете? Срам да ви е, важно е само да коментирате и да си ја измиете устата со туѓи проблеми и да не ги гледате своите“, гласи еден од коментарите.
Има и многу изрази на сочувство и пораки од мајките да се издржи страшната болка:
„Моето искрено сочувство до родителите. Нека почива во мир, ангелчето. Данка сега е рајска птица“.
„Сите вие што со денови ја распнавте оваа жена за продавање на своето дете, нека е на вашата чест. Најдлабоко сочувство до семејството“.
„Мајко, многу ми е жал за твојата загуба и за сè што си поминала по тоа“, се наведува во друг коментар.
Полицијата во Бор ги уапси работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор, Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгиевиќ (50) од село Злот, под сомнение дека ја убиле малата Данка Илиќ.
Телото на девојчето сè уште не е пронајдено.
Како што објавуваат српските медиуми, девојчето било удрено од автомобил, телото ставено во службеното возило и фрлено на депонија. Наводно ѝ го покриле телото со ѓубре. Се сомнева дека девојчето било живо и дека биле пијани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора се бори со пожари

Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.
Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.
Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.
Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка.
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.
Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.