Црна хроника
Го малтретирал семејството и ги принудувал своите малолетни деца да просат: кривична против 41-годишен маж од Чашка
СВР Велес, до Основно јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против 41-годишниот А.С. од село во општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда при семејно насилство“, казниво по член 130 и „запуштање и малтретирање на дете“, казниво по член 201 од Кривичниот законик, извести МВР.
„На 03.04.2024, пријавениот во семејниот дом физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, А.С. подолг временски период физички и психички го малтретирал семејството, воедно и неговите малолетни ќерка и син ги принудувал да просат. На 03.04.2024 тој е лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријава“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен криумчар, пронајдени седум мигранти
Синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полицијата го приведе 26-годишниот Ф.Ш. од Косово.
При извршен преглед на „голф 7“ со косовски национални ознаки – автомобилот којшто тој го управувал, биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои три од Индија, две од Пакистан и по едно од Непал и Бангладеш, информираа од МВР.
Известен бил јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар-Табановце и Прифатниот центар за странци-Скопје.
По целосно документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следува пријава.
Топ
Турски државјанин најден починат во хотел во Охрид
Шеесет и тригодишен државјанин на Турција, во текот на вчерашниот ден бил најден починат во хотел во Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека пријавата ја добиле вчераутро, а станува збор за лице со иницијали Х.К..
Доктор од итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото, извршија полициски екипи.
Топ
Автомобил излета од патот кај Битола, возачот тешко повреден
Автомобил управуван од 68-годишен маж од Битола излета од патот Ресен-Битола.
Од МВР информираа дека несреќата се случила вчера во 17.50 часот, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид.