Македонија
Ванковска во Струмица: Власта се однесува како внатрешен окупатор, сè ни одземаа – освен душата

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата Левица кампањата, која ја води под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“, ја почна со митинг во Струмица.
„Сега страдаме од божемната „наша власт“, која ги згази не само постигањата од минатото туку се однесува како внатрешен окупатор. Ни ја одзеде не само живејачката и волјата за напредување, туку и надежта. Нè ограбија, ни ја згазија честа, го продадоа најсветото, ни ги отселија најдрагите. Подготвени се да го запустат и последното парче плодна почва, воздухот го направија отровен, а последната капка вода сакаат да ја продадат на јабанџии. Сè ни одземаа – освен душата. И неа ли ќе им ја дадеме“, порача Ванковска во своето обраќање пред струмичани.
На митингот се обрати и лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев кој истакна: „Тачевизмот е највисок стадиум на ЗАЕВИЗМОТ и затоа Левица ја почнува својата кампања од бастионот на заевизмот. Да му брцнеме во очи на оној кој направи штета за две генерации!“
На митингот се обрати и Сашко Јанчев, носител на листа во ИЕ4 кој кој рече дека Левица ќе се бори до крај против најголемата закана за струмичката котлина – Рудникот во Иловица. „Левица нема да дозволи да има рудник!“, истакна Јанчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова.
– Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација, вели таа.
Сиљановска – Давкова упати апел до медиумите за професионално, одговорно и чесно информирање на јавноста, со почитување на вистината како највисок демократски принцип.
Македонија
Денес дожд и температура од 13 до 21 степен

Времето во текот на денот се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со ретки грмежи.
Според синоптичарите, ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен Целзиусов.
Во Скопје, се очекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Според најавите, ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови.
Локални врнежи од дожд се најавени и за утре, а потоа во следните два дена да биде претежно стабилно.
Од четврток се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд и со значително опаѓање на температурата.
Македонија
Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации.
Во објавата таа истакна дека во овие турбулентни времиња е важно да не се отстапува од демократските вредности и да се работи заеднички на зачувување на глобалниот мир и безбедност, додавајќи дека САД остануваат искрен сојузник на Македонија.
„Благодарност за гостопримството!“, напиша Сиљановска Давкова.