Забава
Познатата актерка минатата година тајно го роди третото дете: „Не зборував многу за тоа“
43-годишната актерка Џулија Стајлс откри дека минатата година го родила своето трето дете. „Емотивна сум затоа што дома имам петмесечно бебе и почнав да го режирам мојот прв филм Wish You Were Here“, изјави таа во средата во интервју за „Њујорк тајмс“.
View this post on Instagram
Актерката не ги откри деталите за бременоста, вклучувајќи ги и полот и името на бебето. „Јас навистина не зборував за тоа“, додаде таа.
Таа направи споредба меѓу мајчинството и нејзиното искуство како режисер.
„Мислам дека да се биде мајка е одлична обука и ми помага како режисерка. Мора да размислувате 10 чекори понапред, но и да бидете во сегашниот момент. Мора да бидете добри во управувањето со времето. Мора да бидете чувствителни на потребите на луѓето и да ги водите, но и да ги држите границите“, изјавила Стајлс и додала дека навистина не спие многу поради бебето, но има енергија.
View this post on Instagram
Џулија и нејзиниот сопруг Престон Кук ги имаат синовите Страмер (6) и Арло (2). Ѕвездата се омажи за Кук во септември 2017 година кога беше бремена со првиот син.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Поранешниот свршеник на Лејди Гага се ожени со 15 години помлада манекенка
Актерот Тејлор Кини (42), ѕвезда на серијата „Чикаго во пламен“, се ожени со 15 години помладата манекенка Ешли Кругер по две години врска.
Тие имаа мала, приватна церемонија во Чикаго, каде што Кини неодамна го заврши снимањето на 12-тата сезона од серијата на Ен-би-си, пишува „Пипл“.
Кини и Кругер се заедно од 2022 година, а Кини ја сподели својата прва фотографија од Ешли на „Инстаграм“ во март истата година. Тие официјално се појавија во јавноста во април 2022 година на добротворен настан. Иако двојката јавно не зборуваше за својата врска, тие објавија еден за друг на социјалните мрежи. Кругер се појави и во серијата „Чикаго во пламен“ во 2022 година во 11-тата сезона.
Ова е прв брак на актерот, иако претходно беше свршен со пејачката Лејди Гага. Тие ја раскинаа свршувачката во јули 2016 година.
Кругер на Универзитетот во Ајова дипломирала новинарство во 2017 година. По тоа, таа работеше во продажба и маркетинг. Кругер моментно работи со скратено работно време како менаџер за развој на бизнис за Eagle Six Properties. Што се однесува до манекенството, таа има договор со агенцијата BMG Models.
Забава
Крунисана нова мис на САД откога претходната победничка се откажа од победата
Првата второпласирана мис на САД за 2023 година, Савана Ганкиевич од Хаваи, стана новата победничка на натпреварот повеќе од една недела откога претходната мис поднесе оставка поради менталното здравје.
Ганкиевич, која води непрофитна организација, ќе ја држи титулата до следниот натпревар во август.
„Подготвена сум да имам позитивно влијание со оваа организација што ја сакам“, рече Ганкиевич за време на церемонијата на крунисувањето на Хаваите.
Забава
Манекенка поминала низ скенер на аеродром: цариниците не можеле да поверуваат што има во нејзината глава
Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродромот, па решила да им ги открие деталите на своите обожаватели.
Фанг Киуан (36) е самопрогласен фанатик за пластична хирургија со повеќе од 19 операции, а нејзината објава собра 1,3 милион прегледи.
Фанг потрошила над 250.000 долари на разни естетски зафати, вклучувајќи две операции на челото, пет на очните капаци, исто толку на носот, две на брадата…
Неодамна поминала низ скенер на аеродром кога машината засвирела. Не ѝ било јасно што се случува додека не било утврдено дека има неколку туѓи предмети во главата, пренесува „Њујорк пост“.
View this post on Instagram
Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред осум години. Но, тоа не било сѐ.
„На видеото се гледаат и завртките во носот“, рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду-кукла“.
Нејзините фанови останаа шокирани од фотографиите што ги објави на „Инстаграм“.
„Ова е тешко за гледање“, напиша еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.
Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.