Македонија
Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да го децентрализира буџетот и секоја година по 250 милиони евра да одат кај општините, истакна Николоски
Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е после парламентарните избори, а тоа ќе е веќе уште ова лето да го децентрализираме буџетот и да спуштаме секоја година по 250 милиони евра до општините во Македонија без разлика кој е градоначалник од која политичка партија. Ова го истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на четвртата изборна единица, во Добрушево во Општина Могила.
„Формулата е многу едноставна: број на жители плус економска активност ќе определува колку средства ќе доаѓаат во општината. Конкретно за Општина Могила некаде ќе се движи околу 4,5-5 милиони евра во еден инвестициски циклус од четири години што ќе треба да ги затвори најкрупните прашања тука како после 4 години не би зборувале за основните потреби на граѓаните“, рече Николоски.
Тој вели дека досега никој не внимавал на децентрализацијата, а на тој начин многу ќе се забрза локалниот развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Општина Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известувааат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 5/4“ на бул. Илинден б.б, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од ул. Љубљанска до ул. Никола Парапунов. ( општина Карпош )
Македонија
Наутро студено, преку денот сончево време
Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со услови за појава на магла, а преку денот сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.
Македонија
Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето
Ова е старт, прв чекор во градењето на инфраструктура за електричната мобилност, што е клучно за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето од страна на транспортниот сектор, проблем што е доста актуелен во изминатите неколку години, истакна пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска, при образложение на амандманот, со кој треба да се обезбедат 9,2 милиони денари за физибилити студија за развивање изградба на мрежа на станици за полнење на електрични возила на патиштата во Северна Македонија.
Лукаревска нагласи дека само со клучни и добро обмислени чекори ќе може да има борба против загадениот воздух.
Со развиена мрежа на станици за полнење ќе се поттикнат граѓаните и компаниите да преминат на електрични возила, нешто што е пракса во сите високо развиените земји. Физибилити студијата е за современ ефикасен систем за полнење, што ќе придонесе и за енергетска ефикасност и подобрувањена квалитетот на воздухот, како и унапредување на туристичкиот потенцијал на државата, истакна Лукаревска.
Се надевам дека за прв пат ќе направите отстапка и ќе кажете дека овој амандман се прифаќа, бидејќи досега само еден амандман е прифатен и тоа е амандман од власта, нагласи пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска.