Македонија
Државна лотарија: Тендер за 2.000 машини не постои, албанските опозициски партии да се извинат, или ќе тужиме

Државната лотарија објави дека најостро ги демантира дезинформациите и невистините што ги шири албанската опозиција за наводно отворање на тендерската постапка за 2.000 машини и 2.000 нови столчиња за набавка на апарати за игрите на среќа.
„Државната лотарија на Северна Македонија ја информира пошироката јавност дека немало и нема ваква тендерска постапка и дека информациите протекуваат за политички цели и за оштетување на имиџот на Државната лотарија.
Државната лотарија бара од експонентот на албанската опозиција што ја пласира оваа информација на прес-конференција со медиумите, но и од коалицијата на албанската опозиција да се извини за лажните информации објавени во јавноста, во спротивно ќе се соочат со тужби за клевета и намерно оштетување на имиџот“, велат од Државната лотарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.