Македонија
Пендаровски од Штип: Зад моето име нема криминал, корупција или наместени тендери и затоа повторно ја барам довербата од вас
Вчеравечер, на вториот ден од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски зборуваше пред граѓаните на Штип.
Истакнувајќи дека во текот на кампањата сите граѓани ќе бидат исправени пред истата дилема како пред 10 или 20 години, односно дали да им дадат доверба на квази патриотите или на оние кои покажаа дека знаат како да ги штитат државните интереси на Македонија, Пендаровски рече дека треба добро да размислат затоа што истите политичари и истата политичка партија, денес во опозиција, во 2001-та, ја нудеа воената опција во која требаше да гинат некои други деца, а не нивните.
„Наместо договорот од Преспа нудат негово поништување, истите тие кои цело време велат никогаш Северна, ама од Северна Македонија 5 години без проблем примаат функционерски плати како градоначалници и пратеници и ни на памет не им паѓа да ги вратат мандатите на граѓаните. Не треба воопшто да прогнозираме какви политики ќе водат ако бидат на власт, затоа што паметиме што се случуваше во нивните 11 години – заробена држава, медиуми ликвидирани со гола репресија, политички противници во затвор, новинари во затвор за напишан збор и ниту еден нивен, тогаш активен функционер во притвор“, потенцираше Пендаровски.
Во оваа насока, кандидатот Пендаровски додаде дека во тие 11 години, тогашната власт, а сега опозиција, не донесе ниту една тешка одлука, затоа што преку носењето на стратешки одлуки се остваруваат националните интереси, но, се губи рејтингот, а тие биле заинтересирани само за власт и пари, а не и за интересите на државата и граѓаните.
„Како национален координатор за НАТО во 2018 ги водев преговорите за членство во Алијансата со што долгорочно сите ние го осигуравме опстанокот на државата. Ја поддржав Европската преговарачка рамка со која не само што ги започнавме преговорите по 17 години чекање, туку договоривме со Брисел македонскиот јазик да биде еден од официјалните јазици на Европската Унија“, подвлече Пендаровски.
Говорејќи за досегашната работа на оваа владејачка структура Пендаровски рече дека не се направени големи грешки за стратешките прашања, што не е случај за некои политички или кадровски решенија.
„Нужно е да направиме целосен ветинг на сите судии и обвинители, но, и на нас, политичарите. Сите кои што намерно држат предмети во фиоки со години или не можат да докажат како од плата заработиле милиони, треба да бидат разрешени од функциите и да лежат во затвор, а не да делат правда или да конкурираат за политичка функција“, истакна Пендаровски.
Од граѓаните на Штип кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа побара на 24 април масовно да се мобилизираат и уште во првиот круг, да ја осигурат заедничката победа на 8 мај. Само со глас за бројот 1, рече Пендаровски, Македонија ќе оди напред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

