Регион
Данка била жива кога ја удриле со автомобилот, потоа ја задавиле: Едниот го призна убиството, другиот молчеше
На осомничените за убиството на Данка Илиќ (2) по распит им е одреден притвор, дознава Телеграф.рс. Откако Обвинителството побара притвор за Д.Д. и С.Ј. Вишиот суд во Заечар го одобри. Ним им е одредена мерка притвор од 30 дена. Како што потврдија за овој портал, разговорите со членовите на семејствата на осомничените се во тек. Потрагата по телото на двегодишното девојче продолжува и денеска. Засега нема информации дека некој друг е вмешан во ова кривично дело.
По рочиштето се огласи и Обвинителството.
„Осомничените биле сослушани од обвинителството, при што Д.Д. целосно го признал извршувањето на кривичното дело, додека Ј.С. се бранел со молчење“, соопштија од Обвинителството.
Да потсетиме, осомничените за убиството на малата Данка Илиќ во Бањско Поље, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, синоќа беа донесени во зградата на Вишото државно правобранителство во Зајечар. Јанковиќ и Драгијевиќ биле донесени со лисици на рацете и со наведнати глави. Еден од двајцата осомничени бил донесен во работна облека. Тие биле донесени со полициски автомобили.
Како што пишуваат српските медиуми, се очекува и двајцата да бидат подложени на психијатриски преглед во Белград во Специјалната затворска болница за да се утврди нивната свесност во моментот на извршување на делото.
Да потсетиме, вчера по наредба на Вишото државно правобранителство во Заечар, полицијата во Бор ги приведе двајцата осомничени поради основано сомнение дека на 26 март ја убиле двегодишната Данка Илиќ.
Тие се товарат за кривично дело тешко убиство на дете, за што според измените на Кривичниот законик кои стапија во сила на 1 декември 2019 година, им се заканува казна доживотен затвор без можност за условен отпуст.
Дејан Драгијевиќ е осомничен дека го удрил двегодишно девојче Данка со службено возило „фиат панда“ на улица Радомир Путник во Бањско Поље, кое неколку минути била без надзор од нејзината мајка, која отишла да донесе вода за другото дете. Тогаш двајцата работници го ставиле девојчето во багажникот. На крајот, како што и самите изјавиле во полиција, го фрлиле на депонијата.
Телото на Данка сè уште не е пронајдено, па се уште не се знае точната причина за смртта, но полицијата врз основа на сведочењето заклучила дека девојчето било сè уште живо по сообраќајната несреќа и дека во еден момент се разбудило додека ја возеле до депонијата. Потоа, веруваат од полицијата, совозачот Срѓан Јанковиќ ја задушил со раце.
Началникот на Управата за криминалистичка полиција на Србија, Нинослав Чмолиќ изјави дека работниците биле пијани при првото полиграфско тестирање, а се претпоставува дека биле пијани во моментот на несреќата. Подоцна, полиграфското испитување беше повторено.
„Ги повикавме на повторно тестирање и овојпат беа присебни и двајцата. Испитувачите на полиграф им поставија поконкретни прашања, со повеќе детали, бидејќи имавме повеќе информации. И двајцата паднаа на важните прашања. Кога потоа ги соочивме со нив со фактите, тие признаа сè, едниот па другиот“, рече началникот Цмолиќ, додавајќи дека нивните приказни се совпаѓаат 90 проценти, освен околу неколку клучни детали.
„Ова ни кажува дека детето било живо кога го удриле со колата. Таа куќа каде што била однесена Данка, каде застанале со колата да вршат нужда на тој пат, не е уреден двор, повеќе е обраснато место. Таму извршиле нужда и си заминале, а таму најверојатно ја убиле Данка. Совозачот го земал детето и го ставил во задниот дел од возилото меѓу алатите. Детето се разбудило, совозачот ја ставил едната рака околу вратот, му ги покрил носот и устата со другата и го задушил. Тоа се гледа на ГПС, малку одат, па забавуваат, па тргнуваат. Таквото возење траело околу четири минути“, раскажува Цмолиќ.
Тој додаде дека осомничените имаат „чудни личности“ и дека воопшто не покажуваат сочувство. „Зборуваат за тоа како да удавиле маче. Нема емоции, нема рационално објаснување, ладно потврдуваат се, продолжиле да функционираат сосема нормално, да одат на работа и слично“, вели началникот Цмолиќ.
Полицијата цели два дена трага по телото на девојчето. Сметаат дека Јанковиќ во еден момент се вратил во депонијата и ја преселил на друга локација. Сепак, тој сè уште не ѝ ја кажал на полицијата точната локација на телото. На прашањето зошто совозачот не сака да открие каде го преместил телото на Данка, Чмолиќ има два можни одговори.
„Или направил нешто гадно со тоа тело, ако направил, тоа е нешто многу монструозно. Или има блокада па не може да се сети каде е“, вели Цмолиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото) Немири во Албанија: Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицијата
Албанската полиција уапси 21 лице по вчерашниот протест на опозицијата во Тирана, кој прерасна во насилство пред канцеларијата на премиерот и зградата на парламентот. Меѓу уапсените беа седум малолетници, а демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства кон полицијата и владините згради, на што полицајците одговорија со солзавец и водни топови, објави Лајмифундит.

Police officers move away from a fire during an anti-government protest in Tirana, Albania, 10 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Демонстрантите, поддржувачи на опозициската Демократска партија, се собраа вчера попладне на Булеварот на народните херои пред седиштето на владата. Потоа собирот се пресели во парламентот, каде што запаливи предмети, пиротехнички средства и разни тврди предмети беа фрлани кон полицијата и владините згради во текот на целиот протест.

Opposition supporters clash with police officers during an anti-government protest in Tirana, Albania, 10 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата извести дека во насилството се повредени 16 полицајци. Сите се хоспитализирани и се надвор од животна опасност. Според полицијата, повеќето од уапсените демонстранти претходно биле познати по учество во слични протести. Имињата на 14 возрасни уапсени лица се објавени, додека идентитетот на седум малолетници не е објавен.

Firefighters extinguish a fire outside the Prime Minister’s office during an anti-government protest in Tirana, Albania, 10 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
По истрагата спроведена во соработка со обвинителството, полицијата објави дека уапсените се товарат за голем број кривични дела, вклучувајќи напад врз службено лице, нанесување тешки телесни повреди, нарушување на јавниот ред и мир, уништување на имот со пожар, спротивставување на службено лице и кршење на правилата за експлозивни и запаливи материјали.

Opposition supporters use umbrellas to protect themselves from a water cannon during an anti-government protest in Tirana, Albania, 10 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Регион
(Видео) Шест лица пронајдени мртви во Бугарија, истрагата ја разгледува и можноста за култ
Бугарските власти истражуваат смрт на шест лица поврзани со еколошка невладина организација, откако на почетокот на февруари беа пронајдени три тела во колиба во Петрохан, а неколку дена подоцна уште три во кампер во близина на врвот Околчица.
На брифинг во Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, полицијата соопшти дека според досегашните податоци, тројцата мажи – Ивајло Иванов, Дечо Василев и Пламен Статев – ја запалиле колибата во Петрохан, по што извршиле самоубиство.
До нивните тела биле пронајдени два пиштола и една пушка. Форензичките анализи покажале дека на оружјето има само ДНК од починатите лица. Прострелните рани биле нанесени од непосредна близина, а според судско-медицинските вештачења, повредите биле во домет на сопствената рака.
Полицијата прикажа и три видеоснимки од 1 февруари. На првата се гледа разделба меѓу шестмината, на втората се слушаат зборови на простување, а на третата се прикажува моментот на палење на колибата.
Во одделен случај, на 8 февруари, во кампер во близина на Околчица беа пронајдени телата на Ивајло Калушев, Николај Златков и 15-годишно момче. Во возилото биле пронајдени револвер и пиштол, а според полицијата, на телата немало знаци на борба.
Обвинителството соопшти дека двете главни верзии што се разгледуваат се убиство со последователно самоубиство или самоубиство.
Досега се нарачани 18 форензички вештачења, сослушани се 15 сведоци, а анализирани се и електронски уреди и видеоснимки. Истражителите ја следеле и патеката на камперот преку безбедносни камери во повеќе населени места.
Според полицијата, во колибата се практикувале духовни активности, вклучително и тибетски будизам, а се разгледува и можноста случајот да има карактеристики на затворена заедница или култ.
Истрагата продолжува.
Регион
Вучиќ не открива дали ќе биде кандидат за премиер: „Не е време да се зборува за тоа“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека одлуката дали ќе биде кандидат за премиер треба да биде негова, како и одлука на народот кој, како што нагласи, сака промени што гарантираат стабилност и сигурност, а не хаос и промени какви што, според него, наметнуваат блокадерите.
Вучиќ ги замоли сопартијците да не зборуваат за тоа дали тој ќе биде кандидат за премиер на претстојните избори и да не шпекулираат на таа тема.
„Не е ни време ни место. Прво, тоа мора да биде моја одлука – дали се чувствувам доволно способен и дали го сакам тоа, а потоа мора да биде одлука на народот. А народот сака промени, само не сака промени какви што му наметнуваат блокадерите, туку промени што гарантираат стабилност и сигурност, а не хаос“, изјави Вучиќ во Претседателството на Србија, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се знае дали тој ќе биде кандидат за премиер на парламентарните избори.
Вучиќ рече дека е тешко да не се посака промена на некој што, како што наведе, е 14 години на власт, и дека тука не мисли само на политичките неистомисленици, туку и на оние што го поддржуваат.
„Мене ми останува само да кажам колку грешев и колку работи пропуштив да направам. Секој ден се каам што понекогаш сум се опуштил и можеби не сум работел онолку колку што требаше за да постигнеме уште подобри резултати“, рече Вучиќ, пренесе „Телеграф“.
Тој оцени дека на следните избори ќе победи оној што ќе ги убеди граѓаните дека е способен истовремено да донесе и стабилност и промени.
„Што се однесува до премиерот, ги молам сите луѓе да не зборуваат за тоа. Едноставно е, во овој момент не сакам да кажам не, затоа што секогаш оставам некаква можност“, изјави Вучиќ.
Тој наведе дека има илјада забелешки на сопствена сметка, но дека се постигнати резултати кои денес се земаат здраво за готово и повеќе не се ценат затоа што луѓето се навикнале на нив.
Истакна дека за првпат во историјата Србија има стабилен курс на динарот, а дека поранешниот гувернер на Народната банка на Србија, Дејан Шошкиќ, кој се споменува како име на студентско-блокадерската листа, го уништил динарот и му ја намалил вредноста за 50 отсто.
Вучиќ додаде дека денес Србија има и најниска стапка на јавен долг во однос на бруто-домашниот производ во модерната историја.

