Свет
(Видео) Поранешниот еквадорски потпретседател уапсен по упад во амбасадата на Мексико: Мексико ги прекина односите со Еквадор
Еквадорските власти синоќа го уапсија поранешниот потпретседател Хорхе Глас и го одведоа од мексиканската амбасада, поради што Мексико ги прекина билатералните односи.
Глас, двапати осуден за корупција, тој се засолни во амбасадата во градот Кито откако побара политички азил во декември, тврдејќи дека бил прогонуван од државното обвинителство.
Полицијата насилно влезе во мексиканската амбасада пред да го уапси, напиша мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на X. Канцеларијата на еквадорскиот премиер во соопштение соопшти дека Глас е уапсен.
Лопез Обрадор додаде дека му наредил на министерот за надворешни работи на Мексико да ги прекине дипломатските односи со Еквадор, нарекувајќи го апсењето кршење на меѓународното право и мексиканскиот суверенитет.
🚨 Breaking news 🇪🇨 | URGENT: Ecuador’s special forces invade the Mexican Embassy and have just captured fugitive from justice Jorge Glas, the most wanted man in that country. Something never seen before. Your Thoughts? #Ecuador pic.twitter.com/e234OJ45Hc
— Ace (@ThatUchihaGuy) April 6, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украинскиот парламент ја одложи седницата, на пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев
Украинскиот парламент ја одложи седницата што требаше да се одржи денеска поради безбедносни причини, јави јавната телевизија Суспилнe, повикувајќи се на извори.
„Беше планирано да се одржи седница на Врховната Рада на 22 ноември, на која пратениците требаше да поставуваат прашања до владата, но сè беше откажано поради безбедносни причини“, објави Суспилне. На пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев, а според некои од нив, следната седница на украинскиот парламент не е закажана до декември.
Одложувањето дојде откако рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање објави дека Русија вчера истрела хиперсонична балистичка ракета со среден дострел врз украински воен објект, како одговор на употребата на американски и британски ракети од Киев за гаѓање цели на руска територија.
Путин посочи дека „во случај на ескалација на агресивни дејствија“ би можеле да следат уште такви потези. Предупредувањата за големи ракетни напади ги натераа американските и другите амбасади во Киев да ги затворат своите врати во средата.
Еден опозициски член на парламентот, Олексеј Хончаренко, изрази фрустрација поради откажувањето на седницата во објава на апликацијата за пораки Телеграм, велејќи дека тоа е изгубена можност да се поставуваат прашања на владата.
Регион
Мајката на починатата Анѓела во Нови Сад: Доживотна затворска казна не е доволна за 15 човечки животи
„Секој ден станува се потешко. Да немаше протести, можеби никој немаше да биде уапсен. Никој не контактираше и не ни изрази сочувство. Не ни понудија ниту психолошка помош“, изјави за Нова.рс, Зорица Руман, мајката на 20-годишната Анѓела Руман од Стара Пазова, која загина со своето момче при уривање на настрешница во Нови Сад.
„Ова е страшно, неподносливо. Одам на гробиштата да и се извинам, а кога ќе се вратам, одам во нејзината соба и повторно разговарам со неа. Уништени сме. Толку многу семејства се завиени во црно“, рече таа.
Се осврна и на апсењето на 11 лица. Таа смета дека тоа веројатно немаше да се случи доколку немаше голем притисок од јавноста и граѓаните.
„Да немаше протести, можеби немаше никој да биде уапсен. Но, за жал, ништо не може да ги врати. Искрено, ништо не ми значи. Читам дека можат да добијат од 2 до 12 години, а за 15 човечки животи ни доживотна казна не е доволна. Нив можат да ги видат и да ги посетат. Толку млади убиени. Беа во цут, само што почнаа да прават планови и да ги реализираат. Здрави деца починаа во миг поради нечие невнимание“, рече таа.
„Никој не контактирал со нас ниту изразил сочувство“
Таа рече дека никој од претставниците на властите не контактирал со нивното семејство. Смета дека е неприфатливо што не им била дадена ниту основна поддршка, истакнувајќи дека не се ни удостоиле да изразат сочувство, а камоли да понудат каква било помош.
„Никој не не контактираше, ниту ни изрази сочувство. Само нашиот општински претседател дојде да изрази сочувство и праша дали ни треба помош. Ниту мислиме, ниту ни треба, тоа што сега ни значи више го нема. Не ни понудија никаква психолошка помош“, изјави таа.
Посочува дека не можат да се помират со тоа што Ангела повеќе ја нема.
„Наутро кога ќе станеме, одиме на нејзиниот гроб и се враќаме дома. После ништо, само ја гледам нејзината слика и плачам. Од работа ми излегоа пресрет и ми рекоа да се вратам кога ќе имам сила. Секоја чест за моите колеги и работодавачот, единствените луѓе од таа страна се покажаа фер“, рече таа.
Европа
НАТО: Новата руска ракета нема да не одврати да ја поддржиме Украина
Експерименталната ракета со среден дострел истрелана од Русија кон Украина нема да влијае на текот на војната или на поддршката на НАТО за Киев, изјави портпаролката на алијансата.
Портпаролката на НАТО, Фарах Даклала, изјави за АФП дека рускиот напад во четвртокот на Днепар е „уште еден пример за руски напади врз украинските градови“, додавајќи:
„Користењето на овој капацитет нема да го промени текот на конфликтот или да ги одврати сојузниците од НАТО да ја поддржат Украина“.