Македонија
Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината
На почеток на кампањата за претседателските избори се потврдувата две суштински работи, рече на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа, како и дека дури и политичките партии од албанскиот опозициски блок одлуките за членство во ЕУ ги поставуваат како услов за коалицирање по изборите.
Според Каевски, Мицкоски нема план, а „тоа е јасно како бел ден особено по телевизискиот дуел во којшто Ковачевски доминираше но и во јавните настапи“.
– Мицкоски и ДПМНЕ немаат план за иднината на државата и досега немаат ниту една порака за граѓаните во кампањата. Тие би сакале изборот пред граѓаните да биде за ништо. Затоа фабрикуваат лажни информации, зборуваат за нашата кампања, кој каде бил и слично, испраќаат агресивни и празни пораки. Но ништо за нив и нивната понуда пред граѓаните немаат кажано. Силјановска ја следи оваа линија и таа е целосно маргинализирана. Мицкоки, Силјановска и ДПМНЕ немаат што да им понудат на граѓаните. Со ДПНЕ е можно само враќање назад во изолација, рече Каевски.
Од друга страна, додаде тој, Ковачевски аргументирано претстави јасната визија и план за европска иднина, а тоа е план за завршување на преговорите и членство во ЕУ со 2030 година како и план за реализација на програмата за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, за просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000, за реформи во правосудството и многу други мерки за граѓаните.
– Јасно е, Коалиција за Европска иднина предводена од СДСМ е единствената алтернатива за иднината на државата. Изборот пред граѓаните на овие избори е јасен, надеж со СДСМ и безнадежност со ДПМНЕ, меѓу европска интеграција со Ковачевски и Пендаровски или изолација со Мицкоски и Силјановска, рече Каевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

