Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ја препознаваме нервозата на Пендаровски и Муслиу, што дробеле, ќе сркаат, одговорност за фалсификувањето ќе има

Видлива е нервозата кај Стево Пендаровски и неговиот разузнувач Еролд Муслиу, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ на демантот и најавата за тужба за клевета од претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
– Ако мислеа дека ќе преминеме преку основаните сомневања дека поставиле мрежа за фалсификување на документи и ширење на лажни вести тогаш се лажат. Одговорност ќе има, и целата мрежа ке биде разглобена до најситните детали. Нашите информации и сомневања говорат дека Еролд Муслиу ја злоупотребил агенцијата со која раководи, за фалсификување на документи каде преку кабинетот на Пендаровски и со посредство на Миле Зечевиќ стига до одредени медиуми и СДС. Печат на сето тоа дава балканскиот мешетар и скапо платен контрактор Асаф Еисеин за кого Пендаровски призна дека работи во кампањата на партијата СДС, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму порачуваат инволвираните да се подготват за одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова.
– Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација, вели таа.
Сиљановска – Давкова упати апел до медиумите за професионално, одговорно и чесно информирање на јавноста, со почитување на вистината како највисок демократски принцип.
Македонија
Денес дожд и температура од 13 до 21 степен

Времето во текот на денот се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со ретки грмежи.
Според синоптичарите, ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен Целзиусов.
Во Скопје, се очекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Според најавите, ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови.
Локални врнежи од дожд се најавени и за утре, а потоа во следните два дена да биде претежно стабилно.
Од четврток се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд и со значително опаѓање на температурата.
Македонија
Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации.
Во објавата таа истакна дека во овие турбулентни времиња е важно да не се отстапува од демократските вредности и да се работи заеднички на зачувување на глобалниот мир и безбедност, додавајќи дека САД остануваат искрен сојузник на Македонија.
„Благодарност за гостопримството!“, напиша Сиљановска Давкова.