Црна хроника
Кривична против двајца малолетници од Кочани за „разбојничка кражба во обид“ и три кривични дела „тешка кражба“

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба во обид“ и три кривични дела „тешка кражба“, извести МВР.
„На 07.02.2024 пријавените биле затекнати од сопственик на куќа при обид да извршат кражба, по што го нападнале со тврд предмет и му нанеле повреди. Во периодот од 21.01.2024 до 06.02.2024 извршиле тешки кражби во куќи, при што одзеле повеќе предмети, додека на 07.02.2024 извршиле тешка кражба во трафика, при што одзеле повеќе производи и пари“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.