Македонија
(Видео) „ДПМНЕ злоупотребува болни луѓе на партиски списоци“, вели Колева

„ВМРО-ДПМНЕ во Струмица предводено од Александар Николоски започна со притисок и злоупотреби кои единствено знаат да ги прават пред избори. Преплашени од слабата поддршка на терен почнаа јавно да објавуваат списоци со цел да се врши притисок. Ни помалку ни повеќе, списоци од болни луѓе кои се лекуваат во болницата во Струмица“, рече Даниела Колева, поратеничка на СДСМ.
„Имено, мајката на кандидатот за пратеник од редовите на ДПМНЕ – Петар Марков, Силвана Маркова вработена во ЈЗУ Струмица објавува списоци со болни луѓе кои се лекуваат во болницата со нивен матичен број, за да може да се врши притисок истите да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Ова е огромен скандал за кој мора институциите да покренат постапка итно!
Александар Николоски, вечниот пратеник кој немал ниту ден работен стаж во животот, треба да одговори дали е ова неговиот план за кампањата?
Николоски да одговори уште колку списоци планираат да подготват за уценување и плашење на граѓаните?
СДСМ ќе ги заштити граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ и нивните режимски методи. Александар Николоски и сите вклучени во овој скандал ќе одговараат. Им порачуваме веднаш да ги напуштат овие методи а граѓаните да ги казнат за ова насилство и понижување кое им го спрема ВМРО-ДПМНЕ.
Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето, истите луѓе од режимот Александар Николоски и Aнтонио Милошоски се главните адути на партијата кои ги коирстат истите срамни методи“, изјави Даниела Колева, поратеничка на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сиљановска Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова.
– Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација, вели таа.
Сиљановска – Давкова упати апел до медиумите за професионално, одговорно и чесно информирање на јавноста, со почитување на вистината како највисок демократски принцип.
Македонија
Денес дожд и температура од 13 до 21 степен

Времето во текот на денот се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со ретки грмежи.
Според синоптичарите, ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен Целзиусов.
Во Скопје, се очекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Според најавите, ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови.
Локални врнежи од дожд се најавени и за утре, а потоа во следните два дена да биде претежно стабилно.
Од четврток се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд и со значително опаѓање на температурата.