Македонија
Филипче од Кавадарци: Се среќавам со преку 200 луѓе дневно, лице в лице се гради довербата
Носителот во изборна единица 4, Д-р Венко Филипче денес во Кавадарци се сретна со голем број граѓани. Разговараше со пензионерите, дијабетичарите и здравствените работници со цел да се запознае со предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Филипче има за цел лично да разговара со огромен број на граѓаните во кампањата бидејќи како што вели тоа е најдобриот начин да се стекне доверба, но и да се разберат виситински проблеми на оние кои ќе ги претставува во Собранието.

„Во Кавадарци денеска имавме многу посети и средби со граѓани. Разговарав со пензионерите, дијабетичарите, здравствените работници, но и со членови на СДСМ и граѓани по улиците. Преку овие интензивни активности на терен сакам да се сретнам со што поголем број луѓе. Во последната недела разговарам со преку 200 луѓе дневно. На средбите ги слушам нивните проблеми и размислувања со цел да помогнам секаде каде што можам“, истакна Филипче.
Тој вели дека негова цел е како иден пратеник да биде вистински претставник на граѓаните од оваа изборна единица.

„Она што го правам како доктор и неврохирург, а тоа е помагање на луѓето, ќе го правам и како иден пратеник. Заедно со нив ќе обезбедиме подобри услови и решение за секој проблем кој ги засега. Луѓето се секогаш благодарни и ценат кога им го посветуваме времето. Колку и да е напорно тоа понекогаш, силно верувам дека е најефективниот начин да се комуницира и работи во нивни интерес. Ќе продолжам уште поинтензивно во следниот период“, рече Филипче по средбата со пензионерите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

