Македонија
(Видео) Пендаровски: Ги знам и лажните и реалните анкети и најреално кажувам дека ние сме победници на 8 мај

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа беше меѓу граѓаните на општина Центар од кои побара поддршка на изборите во првиот и во вториот круг за државата да продолжи по вистинскиот пат.
Одговарајќи на прашање од публиката, Пендаровски истакна дека се согласува со неговата противканидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова дека таа можела да направи сѐ што тој не направил.
„Може ќе ве изненади одговорот, јас се согласувам со неа. Јас никогаш не сум го кочел патот на Македонија кон Европа, таа ќе го кочи. Јас никогаш не сум ги нарушил меѓуетничките односи и мирот во државата, таа ќе го направи тоа. Јас никогаш не сум ветил дека ќе амнестирам насилници од 27 април, таа ќе го направи тоа“ порача Пендаровски.
Осврнувајќи се на анкетите, Пендаровски пред присутните порача дека тој ги знае сите анкети и оние лажните и реални и дека според сѐ, тој ќе биде победникот на 8 мај.
„Јас ги знам сите анкети. И знам кои се лажни, тоа се најчесто оние што ги продуцира најголемата опозициона партија и ги знам оние кои се реални. И најреално ви кажувам дека ние сме победници на 8 мај“ истакна Пендаровски.
Кандидатот за претседател додаде и дека тој бил првиот кој понудил дебата со сите седум учесници, но што се однесува до дебата на јавниот сервис, Пендаровски изрази резерва поради неодмнешната афера со истражувањата на јавното мислење.
„За дебатата на МРТВ веќе имам резерва. Значи, ако е точна оваа афера што излезе пред неколку дена дека има наводно документи кои докажуваат дека од штабот на најголемата опозициона партија организирале Центар за продукција на лажни вести и политичка пропаганда контра нас и дека главен, надлежен за таа пропаганда и лажни вести е актуелниот директор на МРТВ јас мислам да почекаат додека надлежните органи не ја расчистат таа афера. Можеби не е точна таа афера, можеби се тие фалсификат, ама прво нека ја расчиститат по потоа нека викаат на дебати“ посочи Пендаровски повикувајќи ги присутните на 24 април да го дадат својот глас за бројот еден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде ќе учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3).
За време на конференцијата Сиљановска-Давкова ќе присуствува на приемот во чест на високите гости организиран од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.
Таа ќе биде дел од церемонијата на отворање на Декадата за криосферски науки, во присуство на генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле, како и на презентацијата на препораките од специјалните настани на UNOC3 (Конгрес за океанска наука, Форум за сина економија и финансии, Самит за пораст на нивото на морето и крајбрежна отпорност) пред шефовите на држави и влади во „Агора Нептун“ во присуство на претседателот на Француската Република.
Претседателката ќе се обрати во рамките на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3), за поддршка на спроведувањето на целта 14 за: Зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси за одржлив развој.
На посебна церемонија, Сиљановска-Давкова ќе го потпише Договорот во рамки на Конвенцијата на ОН за правото на морето за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност на области надвор од националната јурисдикција (BBNJ), усвоен во Њујорк на 19 јуни 2023 година.
Македонија
(Видео) Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува јавен повик до општините ширум државата: да престанат со расфрлање на јавните средства за еднодневни настани и манифестации како што се питијади, ајваријади, скара фестови и слични пригоди.
„Наместо тоа, ги повикуваме општинските власти да ги насочат парите кон проекти кои навистина значат подобар живот за граѓаните: повеќе јавни паркинг места, повеќе зеленило и паркови, подобри услови во градинките и училиштата. Јавните финансии мора да се трошат одговорно и домаќински“, вели во изјава за медиумите портпаролот на ЛДП, Љубен Аврамовски.
На граѓаните не им требаат свечености еднаш годишно, посочува Аврамовски, туку чист воздух, безбедни улици, функционални училишта и паркинг решенија секој ден.
„ЛДП стои на ставот дека локалната самоуправа треба да покаже зрелост и визија. Затоа ги повикуваме сите градоначалници и советници: наместо да се натпреваруваат кој ќе донесе поголема музичка ѕвезда или ќе организира поголема питијада – да се натпреваруваат кој ќе реализира повеќе конкретни, видливи и одржливи проекти за своите сограѓани“, заклучува Аврамовски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ

Додека Заеви заработувале милиони, Филипче имал лично профит од 3 пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ.
Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја.
Најскап договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, е со компанијата „Зобек мининг груп“. Зобек мининг груп е компанија која води директно до Венко Филипче.
Газдата на Зобек мининг груп за новинарите потврдил дека тој го купил аудито на Венко Филипче, преку фирмата која препродавала три пати поскап јаглен на ЕСМ и дека сега возилото е на Филипче.
Договорот со „Зобек мининг“ бил склучен во септември 2023 година, првично за испорака на 200 илјади тони јаглен за РЕК „Битола“ во рок од една година. Со два анекса количината на испорака била зголемена, прво за 40 илјади тони, па за уште 48 илјади тони, до вкупно 288 илјади тони.
Според официјално соопштение од „Лигниторихиа Ахладас“, рудникот во Грција каде се копал јагленот, пратено до грчкото Министерство за енергетика, а до кое дошле истражувачките новинари од Македонија, од овој рудник во 2023 година во Македонија биле продадени 768 827 тони лигнит, по цена меѓу 28-30 евра по тон.
Тоа е три пати помалку од тоа што Зобек мининг груп продава.
Заеви и Филипче се богателе и луксузирале врз грбот на народот кој плаќал поскапи сметки за струја за Филипче да ќари Ауди Q8“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.