Македонија
(Видео) Пендаровски: Народот не смее да ѝ да даде шанса на другата политичка опција
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните од полошко – тетовскиот регион, односно со жителите на Желино, Јегуновце и на Теарце.
Говорејќи за нашето општество коешто е составено од различни етнички заедници, Пендаровски истакна дека покрај интеграцијата во Европската Унија, за државата е клучно е да има и стабилни меѓуетнички односи. Како претседател рече тој, ја движев Северна Македонија кон ЕУ и бев претседател на сите граѓани. Барајќи ја поддршката од граѓаните за втор мандат Пендаровски подвлече дека сега Македонија е земја во која живеат еднакви и рамноправни граѓани.
Одговарајќи на прашањата од присутните, а во однос на инклузијата на Албанците во општеството, Пендаровски посочи дека досега ниту еден претседател пред него не поставил етнички Албанци на раководни места во државата.
„Порано не можело да се мисли, вие повозрасните паметите како било порано, не пред 100 години, како било пред 20 години. Албанец тешко станувал генерал во Армија, јас промовирав етнички Албанец за генерал. Во македонската армија има најголема воена единица од сите сили – се вика прва пешадиска бригада, командант е Албанец. Во Агенцијата за разузнавање пред десет или 15 години Албанците само го уредувале дворот. Во мое време, во овие пет години, јас таму поставив директор Албанец. Секој претседател, во секоја држава има три, четири главни советника за неколку важни работи. Најважен советник е, со сета почит кон другите, советникот за безбедност. Мојот советник за безбедност е Албанец. Никогаш порано не било така кај ниеден претседател. Во Армијата, како и во полицијата има специјални единици Волци, најподготвените од сите. Додека не станав јас претседател немаше ниту еден Албанец во таа единица. Денес има повеќе“, потенцираше Пендаровски.
Пред присутните Пендаровски се осврна и на придобивките од нашето членство во НАТО, како и на фактот дека за неколку години државата ќе беше членка на ЕУ, доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа бугарската блокада. Затоа, како што нагласи Пендаровски, народот не смее да и да даде шанса на другата политичка опција, бидејќи со неа Македонија ќе стагнира и ќе донесе неизвесна иднина за сите нас. Тој ги повика жителите на Желино, Јегуновце и на Теарце на 24 април без двоумење да ја одберат опцијата 1, опција која мисли и која работи за иднината на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

