Македонија
Мицкоски: Пендаровски го нема да одговори за средбата во претседателската вила со Артан, Ахмети и Ковачевски
Јавна тајна, иако за ова Стево Пендаровски нема да го слушнете да одговори на некој од митинзите, е дека пред неколку месеци се собрале во претседателската вила Стево, Артан, Ахмети, Бујар Османи и Ковачевски во присуство на некои други луѓе каде разработувале сценарио за измени на кривичниот законик и поширока амнестија за одредени случаи, како и диригирани судски одлуки преку точни нивни инсталации, само и со цел да се направи штета на ВМРО-ДПМНЕ, да се стимулираат луѓе да го критикуваат ВМРО-ДПМНЕ, неводејќи грижа дали тоа е според Уставот или не. На таа средба не биле такви легалисти, какви се прикажуваат во јавноста, туку единствено за што се грижеле да изберат начин да се направи штета на ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Бутел.
Мицкоски објасни како се одбивала средбата кај Стево Пендаровски.
„Стево предничел во додворувањето на Ахмети, но и прецизно забележувал што треба да му се испорача. Случајно или не, неколку недели по ова се испорачаа измени на Кривичниот законик, но не се реализира целото сценарио составено од неколку правни преседани, единствено поради трезвеноста на ВМРО-ДПМНЕ. Расправата за тоа што било пред 10 или 15 години и за делови од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ пред толку време е расправа со духови“, кажа Мицкоски.
Претседателот Мицкоски кажа дека на народот сега му е главен интерес да се решат сегашните проблеми и да се смени сегашната грда реалност да се промени.
„Јас знам дека Стево го интересира што од сето ова ќе добијат само стотина души од ДУИ без оглед што ќе изгуби македонскиот народ и граѓаните на Македонија“, изјави Мицкоски.
Мицкоски порача дека излезот од сето ова е само еден.
„А тоа масовно да се излезе на изборите, и да се казни оваа завера против Македонија и граѓаните. Масовно да се порази ДУИ и СДСМ и нивните тајни договара и раскрчмувања на Македонија“, посочи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

