Македонија
Димитриевски од Прилеп порача: Движењето ЗНАМ и граѓаните ќе и дадат црвен картон на власта и ќе ја освестат опозицијата на следните избори
Димитриевски од Прилеп порача: Движењето ЗНАМ и граѓаните ќе и дадат
црвен картон на власта и ќе ја освестат опозицијата на следните избори
Вечерва кандидатот за Претседател на државата од Движењето ЗНАМ – За
наша Македонија, Максим Димитриевски, се обрати до граѓаните на Прилеп.
„Тоа што ќе го напишеме го остваруваме, тоа што ќе го кажеме го
реализираме. За разлика од оние за кои се боревме да дојдат таму кадешто
се сега, и за време на шарената револуција, а и пред шарената револуција
и подоцна, за мене сеуште зборот е збор и сеуште сметам дека нема правда
и нема мир, а ќе ја има“, рече Димитриевски.
Тој потенцира дека во Македонија во последните 30 години само се
уништува она што е создадено претходно и додаде:
„Младите си заминуваат, Македонија старее и остануваме без можност за
натамошен развој. Затоа сметам дека беше потребно да се формира од
граѓаните едно ново движење како што е Движење ЗНАМ –За наша Македонија.
Сметам дека ова Движење произлегува од граѓаните и на следните избори,
заедно со граѓаните, ќе покаже како тоа се дава црвен картон на власта
и се освестува и опозицијата. На Македонија и е потребна трета опција.
Таа трета опција е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“.
Тој рече дека Македонија заслужува многу повеќе од ова што го има и
продолжи:
„На Македонија и треба Претседател кој произлегува од граѓаните, ќе
работи и ќе им служи на граѓаните. Нема да дозволам од позиција на
Претседател на државата, татко на нацијата, Македонецот да биде граѓанин
од втор ред во својата држава. Ние Македонците ќе се обединиме и ќе се
самоорганизираме“, рече Димитриевски.
Инаку, тој денеска се обрати и пред граѓаните на Демир Хисар, каде што
рече дека тој зборува како патриот, а не зборува како националист и
додаде:
„Кога тие зборуваат за нивните национални стратегии и националните
планови, тие не шират национализам, тие се секогаш патриоти. Ние не
треба да се лутиме на никого, треба да си ја бараме грешката во
сопствените редови, бидејќи ниту еден политчки субјект во оваа држава до
ден денеска, по 32 години независна држава не изгради национален
конзенсус за државата и наша обврска е да го изградиме тој национален
консензус со тоа што посветено ќе работиме и за сегашните и за идните
генерации“.
Димитриевски во текот на денот се обрати и пред граѓаните на Кичево,а
имаше и средби со жителите на Кривогаштани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

