Свет
Трамп: Нападот на Иран врз Израел никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател на САД
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот напад врз Израел никогаш немаше да се случи доколку тој сè уште беше претседател.
„Израел е нападнат. Ова никогаш не требаше да се случи. Ова никогаш не би се случило кога би бил претседател“, напиша Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.
Урсула фон дер Лајен го осуди иранскиот напад врз Израел
Трамп тврди дека американскиот претседател Џо Бајден снимил видео говор во врска со иранскиот напад, но дека снимката не е објавена на повик на неговите соработници.
Иранските воздушни сили претходно соопштија дека истрелале стотици беспилотни летала и десетици крстаречки и балистички ракети кон Израел како одговор на израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија.
Земјите во регионот го затворија својот воздушен простор, а некои прогласија вонредна состојба.
Во меѓувреме, мисијата на Иран во Обединетите нации објави дека нападот „може да се смета за завршен“, нагласувајќи дека одговорот на Техеран ќе биде „многу поостар“ доколку „израелскиот режим направи уште една грешка“, пренесува Танјуг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силна бура во Франција
Француските департмани Горна Корзика, Источни Пиринеи и Од се преместени на портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силната бура што се очекува до сабота, 27 декември, објави денес „Метео Франс“.
Горна Корзика и Источните Пиринеи се ставени под предупредување поради обилни врнежи од дожд и ризик од поплави, додека во департманот Од, како и во Источните Пиринеи, се очекува зголемување на нивото на водата во реките, јавува телевизијата BFM.
„Метео Франс“ наведува дека предупредувањето за поплава е издадено како превентивна мерка, со проценка дека поради обилни дождови, водотеците би можеле да се излеат, особено на југот на Франција, во областа Русијон.
Кога станува збор за количината на врнежи, до сабота напладне се очекува помеѓу 150 и 200 литри дожд на квадратен метар, што одговара на количината на врнежи за два до три месеци, објаснува телевизијата BFM.
На Горна Корзика прогнозата е помеѓу 80 и 120, локално до 150 литри на квадратен метар, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Израелскиот министер: Никогаш целосно нема да ги повлечеме трупите од Појасот Газа
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Израел никогаш целосно нема да ги повлече своите трупи од Појасот Газа. Според него, во Газа ќе остане значајна безбедносна зона, дури и доколку се премине во следна фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп и доколку Хамас биде разоружан.
Кац најави дека безбедносната зона би се протегала внатре во Газа, а на северот на Појасот би можеле да се формираат и израелски доселенички јадра за нејзина заштита. Тој, како член на десничарската партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, со ова повторно се спротивстави на делови од американскиот мировен план што предвидуваат целосно повлекување на израелските сили од Газа.
По претходните критики дека ги ублажил ставовите, Кац денеска порача дека не се повлекува од изјавите, додавајќи: „Возам наназад само во автомобил.“
Свет
Зеленски: Се појавија нови идеи за крај на војната по разговорите со луѓето на Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со луѓе од тимот на американскиот претседател Доналд Трамп – специјалниот изасланик Стив Виткоф и Џаред Кушнер – за можни начини за завршување на војната со Русија. Според Зеленски, се појавиле „нови идеи“ поврзани со форматот на преговорите, средбите и временската рамка.
Трамп се залага за мировен договор, а неговите преговарачи работат на план што постепено напредува. Зеленски претходно претстави нацрт-мировен план од 20 точки, кој е скратена верзија на постар предлог од 28 точки. Клучните територијални прашања сè уште не се решени и, според Зеленски, за најчувствителните теми ќе биде потребна директна средба со Трамп.
Од руската страна, Кремљ соопшти дека ги анализира документите поврзани со можниот крај на војната, додека Москва изрази незадоволство од украинскиот план, особено околу Донбас, НАТО и големината на украинската армија. Зеленски најави и нови разговори меѓу украинските и американските преговарачи, нагласувајќи дека работат постојано за да се приближи крајот на војната.

