Свет
Јордан и Ирак повторно го отвораат воздушниот простор
Јордан и Ирак повторно го отворија својот воздушен простор, откако го затворија синоќа.
Државната телевизија во Јордан соопшти дека земјата ги обновила операциите на воздушниот сообраќај, цитирајќи ги воздухопловните власти.
Отворањето на неговиот воздушен простор дојде повеќе од три часа порано од предвиденото, и следи како Израел го прави истото.
Ирачката воздухопловна управа соопшти дека безбедносните ризици сега се надминати.
Јордан, кој се наоѓа меѓу Иран и Израел, ја подготвил противвоздушната одбрана да пресретне секој беспилотно летало или проектил што ќе ја наруши неговата територија, рекоа два регионални безбедносни извори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Марта Кос: Украина е приоритетен кандидат за членство во ЕУ
Европската Унија ја смета Украина за приоритетен кандидат за членство, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос во интервју за Политико.
Според неа, проширувањето на Унијата повеќе не е само прашање на односите со кандидатите, туку и на внатрешната способност на ЕУ да одговори на предизвиците на современиот момент.
„Не станува збор само за привлекување кандидати – туку и за нас: можеме ли да се справиме со предизвиците? Дали е тоа корисно за нашата безбедност? Дали ги пополнуваме празнините што ги оставивме во минатото? Да. Дали ни треба Украина во ЕУ? Да“, нагласи Кос.
Таа истакна дека во следните 12 месеци, Европската Унија ќе мора да донесе конкретни и суштински одлуки со цел да го забрза процесот на прием на нови земји-членки и да обезбеди институционална поддршка. Според неа, претстојниот период ќе биде клучен за дефинирање на иднината на политиката на проширување.
Прашањето за европската интеграција на Украина се повеќе се поврзува со безбедносната архитектура на континентот и долгорочните геополитички интереси на Брисел.
Претходно беше објавено дека некои американски претставници признаваат дека Русија нема забелешки за евентуалното пристапување на Украина во Европската Унија, што во дипломатските кругови се толкува како значаен сигнал во контекст на пошироките односи меѓу Истокот и Запад
Свет
Кремљ: Остварен контакт со САД по добиените мировни предлози за Украина
Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, телефонски разговарал со претставници на американската администрација откако Москва ги добила предлозите на САД за можен мировен договор за војната во Украина, соопшти Кремљ.
Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека контактот бил остварен во име на рускиот претседател Владимир Путин и дека е договорено продолжување на дијалогот, но без да навлегува во детали, прецизирајќи дека коментарите би можеле да ги поткопаат преговорите.
Во меѓувреме, рускиот весник „Комерсант“ објави дека Путин наводно е подготвен на територијални размени, но дека сака целосна контрола врз Донбас.
Дополнително, новинарот на порталот „Аксиос“, Барак Равид, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во резиденцијата Мар-а-Лаго, повикувајќи се на украински функционер.
Свет
(Видео) Еруптира вулкан на Хаваите
Вулканот Килауеа на Хаваите еруптирал на Бадник, при што фонтаните од лава достигнувале висина до 427 метри. Шестчасовната ерупција се одвивала во кратерот Халемаумау на Големиот остров, а била регистрирана од камерите на Американскиот геолошки завод (USGS), пренесува USA TODAY.
On the first anniversary of the start of the current summit eruption (Episode 1), lava is fountaining once again at Kīlauea (Hawaiʻi ) — Episode 39 has begun!
The episode began at about 8:10 p.m. HST. Both the north and south vent are fountaining. As of about 8:45 p.m., lava… pic.twitter.com/kxO7Lf7NsI
— USGS Volcanoes🌋 (@USGSVolcanoes) December 24, 2025
Ерупцијата почнала вечерта на 23 декември и завршила рано наутро на 24 декември по локално време. Активноста можела да се следи во живо преку онлајн-камери.
Килауеа, кој се наоѓа во Националниот парк „Хавајски вулкани“, е еден од најактивните вулкани во светот. Ова е 39-та регистрирана ерупција годинава, наведуваат научниците.
Фото: pexels

