Македонија
Мицкоски до Ковачевски: Подобрo тетка ти Жана да ја кандидираше, би била подобар кандидат за претседател
„Го слушам вчера Ковачевски од тука од Карпош вели дека тој не ја кандидирал тетка му Жана, не ја знам госпоѓата сигурно е прекрасна дама интелигентна. Но мој совет до него да ме прашаше ќе му кажев подобро Жана да ја кандидираат отколку измеќарот на Али Ахмети, Стево Пендаровски. Кога сме кај Стево Пендаровски сакам да потсетам на неколку работи затоа што ако не се потсетуваме ќе заборавиме, а јас не сакам да се заборават работите кои понатаму ќе бидеме обвинувани дека не сме ги кажале и не сме потсетиле“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингoт на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош.
Претседателот Мицкоски истакна дека Стево Пендаровски го нема никаде пет години да се појави, а се фали дека решавал илјадници проблеми.
„Стево Пендаровски пет години го нема никаде и се фали дека решавал илјадници проблеми еве јас ќе му поставам едно прашање. Нека каже Стево Пендаровски не 1000, не 100, не 10, туку еден проблем кој тој го решил а јас можам да му набројам сега 10 кои ги создал. Па ќе го слушнете Стево како излегува на бина и небаре прв пат е на политичката сцена, а заборава дека цели 30 години битисува на македонската политичка сцена, па ќе го слушнете како тој ќе ви каже дека го осудувал криминалот и со тоа директно посочува дека владата на ДУИ и измеќарите од СДСМ се најкриминалната и најкорумпираната политичка гарнитура која некогаш ја водела Македонија“, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:
„Прашањето е по што Стево ќе биде препознаен овие 30 години откако функционира на македонската политичка сцена, дали некој може да ми каже која е добрата работа по која Стево ќе биде препознаен, јас не можам да се сетам, не памтам долго 30 години, но во последните 5 не можам да се сетам на една паметна работа која Стево Пендаровски ја направил, а можам на многу други лоши работи како на пример дека Гоце Делчев бил Бугарин, се сеќавате ли на таа работа, се сеќавате ли на Стево Пендаровски кога кажа дека ако не бил претседател и тој ќе се иселел од Македонија, имаме шанса 24 април да излеземе масовно сите и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, да гласаме за бројот 2 и да му помогнеме на Стево да почне да ги пакува куферите а потоа на 8 мај уште помасовно и жестоко да излеземе не само да ја направиме Македонија горда, туку да ја направиме твоја, ваша, наша Македонија“, истакна Мицкоски.
Претседателот Мицкоски посочи дека ова се избори каде не треба да се наседне на лагата на СДСМ и Стево Пендаровски.
„Ова не се избори во кој треба да наседнеме на лагата која се обидува СДСМ и Стево Пендаровски да ни ја продадат дека ова биле избори за ЕУ и против ЕУ. Не, тоа е лага, сите ние сме за европска иднина, сите ние сакаме да ја видиме Македонија во Европската Унија, но тој пат со СДСМ не чини многу скапо, сите нивни предавства, договори, сиот срам и понижување кои го направија нивните влади изминативе децении не чинат премногу, не чинат криминалот, пљачката која ја прават позади завесата. Ова се избори од една страна за горда Македонија, достојна Македонија, за Македонија во која Гордана ќе биде претседател, за Македонија која коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја водат владата, Македонија на реформи, трансформација, економски просперитет. Од другата страна ја имаме како што би рекол нивната Македонија бидејќи тие ја делат Македонија на наша и ваша, погледнете го слоганот на Стево Пендаровски тој бил нашиот, а не вашиот претседател, тој бил претседателот на тие што го гласале, а не на сите граѓани“, дециден е Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

