Македонија
Николоски: Канатларци кое Пендаровски не знае каде се наоѓа го решивме проблемот со водоснабдувањето
Денеска сме во селото Канатларци мислам на Стево Пендаровски да му дадеме на мапа да погоди каде е Канатларци нема да погоди, а се работи за едно огромно село кое се занимава со земјоделие, каде што живеат преку 3000 жители и гравитираат кон истото. Но, тоа покажува колкава негрижа има за сопствената држава и колку е веројатно човек кој што најмалку ја познава државата е претседател, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на изборна единица 4.
„Затоа за разлика од него, ВМРО-ДПМНЕ реализира и сум горд што денеска го отворивме водоводот во село Канатларци кој што се изгради благодарение на градоначалникот Борче Јовчевски, благодарение на советот предводен од Дејан Продановски, на советниците, на директорот на ЈП Водовод и на сите оние кои работеа на овој голем капитален проект.Се работи за инвестиција од 350.000 евра кој што го решава проблемот со водоснабдување на целото село. Во следниот период село Канатларци кое што Стево Пендаровски не знае каде се наоѓа на мапата, ќе работиме на проширување на патиштата, на изработка на канализациони системи, како и изградба на спортска сала, а сето ова ќе дојде од општинскиот буџет и средствата која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спушти кон општина Прилеп“, рече Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

